Ерих Кестнер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 34:
Кестнер е претставник на т.н. велеградска книжевност од 1920-те години, претставник на германските сатиричари (покрај [[Курт Тухолски]] и [[Валтер Меринг]]), претставник на т.н. објективистичка лирика (покрај [[Јоаким Рингелнац]]) на тоа време кое е време на една од најстравотните воени апокалипси.
 
==КнигитеКниги за деца==
[[Податотека:Dresden Albertplatz Kaestner-Denkmal von Eike-Kuntsche 1.jpg|мини|десно|Споменик на Кестнер во Дрезден]]
Ерих Кестнер е оптимист, но тој не го идеализира ни животот ни детскиот свет. Тој не пишува за да им се допадне на децата, туку за да им ги открие вистините за животот. „Емил и детективите“ е првото дело со кое Кестнер станал славен не само во својата татковина, туку и низ светот. Книгата содржи интересна галерија на јунаци: мајката на јунакот госпоѓа Фишбајн, инаку фризерка, неговата баба, братучедот Хигхен, останатите деца-детективи, крадецот Грундајс и други. Емил е без татко и уште од пет години за него се грижи неговата мајка која сака Емил да не почувствува дека е со еден родител. Емил е одличен ученик. Кестнер возбудливо и едноставно раскажува как опатувајќи во воз, додека спие човекот со тврда шапка, Грундајс му ги краде парите, и како детективите го фаќаат. Во фабулата се преплетуваат можното и неможното. Некои критичари овој роман го нарекоа „хигиенска книга“ после толку нездрави книги за деца.