Ерих Кестнер: Разлика помеѓу преработките

Додадени 327 бајти ,  пред 7 години
с
нема опис на уредувањето
[проверена преработка][проверена преработка]
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
}} -->
| awards = {{awd |„[[Ханс Кристијан Андерсен (награда)|Ханс Кристијан Андерсен]]“ за пишување |1960}}
}}'''Емил Ерих Кестнер''' ({{lang-de|Emil Erich Kästner}}; {{роден на|23|февруари|1899}} &ndash; {{починал на|29|јули|1974}}) — [[Германија|германски]] писател, поет, сценарист и сатиричар, познат посебно по хуморот и [[Книжевност за деца|книгите за деца]]. Добитник е на престижната меѓународна награда „[[Ханс Кристијан Андерсен (награда)|Ханс Кристијан Андерсен]]“ во 1960 г. за неговата автобиографија ''Als ich ein kleiner Junge war''.<ref name=andersen/><ref name=ibby-kastner/>
 
==Живот и дело==
Кога [[Хитлер]] и [[Националсоцијалистичка германска работничка партија|националсоцијализмот]] ја освојуваат власта во [[1933]] година, многу познати германски писатели антифашисти се принудени да емигрираат во други европски и воневропски земји, а [[Готфрид Бен]] и Ерих Кестнер остануваат во [[фашистичка Германија]], но како антинацисти[[антинацист]]и. Осудени се на молчење, необјавување, книжевна смрт. Во тоа време и сè до конечното уништување на Хитлеровска Германија во мај 1945 година, Хитлеровците ги палат сите книги со напредни идеи и содржини. Ерих Кестнер гледа како горат неговите дела, верувајќи сепак дека хуманистичкиот дел на човештвото ќе победи еден ден и дека неговите книги најпосле трајно ќе заживеат свој втор живот.
 
Во тоа време на [[Концентрационен логор|конц-логори]] и на воено уништување на [[Европа]] и делови од [[Африка]], Ерих Кестнер е млад творечки оневозможен, но и доволно ознат и ценет писател во [[Германија]] и [[Европа]], пред сè со своето дело за деца „Емил и детективите“ ([[1928]]), но познат и како поет, драмски писател, романсиер и сатиричар. Работел и како новинар, и тоа се чини оставило длабоки траги во неговото дело. Тој е мошне обраозван човек. Веќе во [[1925]] година е доктор по филозофија.
 
==Книгите за деца==
Ерих Кестнер е оптимист, но тој не го идеализира ни животот ни детскиот свет. Тој не пишува за да им се допадне на децата, туку за да им ги открие вистините за животот. „'''Емил„Емил и детективите'''“детективите“ е првото дело со кое Кестнер станал славен не само во својата татковина, туку и низ светот. Книгата содржи интересна галерија на јунаци: мајката на јунакот госпоѓа Фишбајн, инаку фризерка, неговата баба, братучедот Хигхен, останатите деца-детективи, крадецот Грундајс и други. Емил е без татко и уште од пет години за него се грижи неговата мајка која сака Емил да не почувствува дека е со еден родител. Емил е одличен ученик. Кестнер возбудливо и едноставно раскажува как опатувајќи во воз, додека спие човекот со тврда шапка, Грундајс му ги краде парите, и како детективите го фаќаат. Во фабулата се преплетуваат можното и неможното. Некои критичари овој роман го нарекоа „хигиенска книга“ после толку нездрави книги за деца.
 
Кестнер не сака да им робува на шемите при цртањето на ликовите. Во детскиот свет нема шеми, па не може да ги има ни во [[книжевност за деца|литературата за деца]]. Кестнер не го изолира детето од средината, туку секогаш го согледува во соодноси, во интеракции. Тоа конкретно се гледа од неговиот роман „'''Летечкиот„Летечкиот клас'''“клас“ во кој се зборува за животот во интернат, за пречекот на Новата година, за другарството. Таков е и романот „'''Тончек„Тончек и Точкица'''“Точкица“, каде со живи реалистични бои се насликани водечките јунаци од насловот на овој социјален роман. Тончек е дете на сиромашни родители, а Точкица на богати. Но децата не се виновни за својата социјална припадност, но сепак тоа ќе се одрази врз нивните детски симпатии.
 
Пишувајќи ги романите за деца, Кестнер секогаш ја има предвид „тешката рака на животот“, но секогаш е оптимист. Сака да го увери детето дека постои излез и од најтешката ситуација. Таа тешка рака паѓа и врз душите на сестрите близначки Лота и Лујза, во романот „'''Двојната„Двојната Лота'''“Лота“. По разводот на нивните родители, девојчињата се раздвоени. Мирната Лота ѝ припаѓа на мајката Лујзалота Кернер, а палавата Лујза на таткото Лудвик Палфи. После низа околности, и двете сестри доаѓаат на летување на Билското Езеро, не знаејќи дека се сестри, но кога дознаваат дека се сестри, прават сè за да ги спојат своите родители повторно. Ова е возбудлива и трогателна приказна. Приказната завршува со хепиенд, иако сè до крајот читателот стравува за судбината на двете деца.
 
== Поврзано ==