Влад Цепеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 56:
 
Влад ја начекал Валахија во ужасна состојба: константните војни резултирале со криминал, пад на земјоделството и речиси исчезнување на трговијата. За стабилна економија суштинска за спротиставување на непријателите, тој употребил строги методи за повраќање на редот и на напредокот.
Влад имал три цели за Валахија: да ја зајакне економијата, одбраната и неговата политичка моќ. Тој преземал мерки за да помогне околу добросостојбата на селаните со градење на нови села и нови ниви. Тој ја разбирал потребата за тргување за Валахија да се развие. Им помогнал на Валахиските трговци со ограничување на странската трговија во само три града: Таргшор, КампулунгКимпулунг и Тарговиште.
Влад ги сметал аристократите како главната причина за константната неслога како и за смртта на неговиот татко и брат. За да го осигури своето владеење тој убил голем број благородници и во советот доделил места на лица со непознато потекло, кои би му биле верни само нему. За пониските служби, Влад претпочитал витези и слободни селани, наместо аристократи. За расчистувањето на Валахија Влад донел нови закони за казнување на крадците и разбојниците. Тој ги третирал аристократите со истата суровост бидејќи биле виновни за слабеењето на Валахија преку нивните внатрешни борби за моќ.
Тој ја зајакнал и армијата. Имал мала лична гарда, главно од платеници, кои биле плаќани со пленот и со унапредувања. Исто така утврдил и милиција или „пониска армија“ составена од селани кои биле повикувани да се борат кога ќе се завојувало.