Јом кипур: Разлика помеѓу преработките

Додадени 763 бајти ,  пред 7 години
с
Прославувањето на празникот не може да почне додека не се соберат најмалку десет машки глави, постари од 13 години. Јом кипур се прославува 25 часа во текот на кои верниците не треба да јадат ниту да пијат. Цереминијата започнува непосредно пред зајдисонце, кога [[Евреи|Евреите]] палат свеќи во своите домови, по што заминувааат во [[Синагога|синагогата]], каде што започнува вечерната молитва. Притоа, луѓето се облечени во бело како [[симбол]] на чистотата и не смеат да носат никаква кожна облека или обувки. Во синагогата се изнесуваат свитоци од Тората и започнува молитвата наречена „Сите завети“. При нејзиното траење често се повторува зборот „видуи“, што значи признавање на гревот и се наведуваат сите можни престапи кои може да ги направи еден човек или заедница. Притоа, се бара простување и за [[Народ|народот]] и за себе, лично.
 
По службата, луѓето се враќаат дома, а утрото започнува утринската молитва (најдоцна до девет часот), а по неа следат уште четири молитви во попладневните и вечерните часови. Последната молитва се одржува пред зајдисонце и таа е најинтензивна, зашто се верува дека тогаш се затвораат небеските порти низ кои треба да помине молитвата. Потоа се слуша звук на [[Рог|рог]] од [[овен]] ([[шофар]]), со што симболично се означува крајот на празникот. Со тоа завршува постот, а верниците се послужуваат со колачиња, [[чај]] и бело [[кафе]].<ref>„На Јом кипур луѓето бараат прошка за своите гревови“, ''Дневник'', година XVIII, број 5582, петок, 3 октомври 2014, стр. 32.</ref>
 
== Статус во Македонија ==
Првиот ден на Јом кипур е официјален празник и неработен ден за припадниците на [[македонски Евреи|еврејската заедница]] во државата.<ref>{{наведена мрежна страница|url=http://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/Programa_nerabotni_denovi_2015.pdf|title=Програма на неработни денови за 2015 година|publisher=[[Министерство за труд и социјална политика на Македонија|Министерство за труд и социјална политика на РМ]]|accessdate=6 јануари 2015}}</ref>
 
== Наводи ==