Димитар Папрадишки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 38:
== Подоцнежно творештво ==
[[Податотека:Samarjanin-Papradiski (1943).jpg|thumb|right|350px|''Самарјанин'', 1943]]
Димитар Андонов Папрадишки со своето творештво се издвојува како [[уметник]] кој во последните две децении на 19XIX век започнува полека, но трајно да влијае на ликовните текови во Македонија. Иако академски докрај неоформен, Андонов со ширината на својот дух ги прифатил во себе придобивките на новото време. Со школувањето во [[Киев]], посетата на [[Москва]], работата во [[Софија]], потоа во [[Србија]] и влијанието на [[Света гора]], преку контактите со искусните зографи и ерминиите, Андонов со сето стекнато искуство израснал во автентичен сликар со [[модернизам|модернистички]] тенденции. Влијанието на уметниците како што е [[Петар Николов]] со кого работел на фреско-живописувањето на црквата "[[Св. Јоаким Осоговски]]" (1885 и 1887) и [[Станислав Доспевски]] од Самоков - Бугарија, подоцна и од српското и војводинското црковно сликарство, придонеле да се произнесе како уметник кој тежнеел да го осовремени ликовниот ракопис кој се практикувал на крајот од 19XIX век во Македонија. Црковното сликарство, со кое природно започнала неговата уметничка кариера, на кое му останал верен речиси до крајот на својот творечки пат, не се плашел да го отргне од зададените стеги на доцновизнатиската уметност. Веќе во 1881-1883 година Андонов работи на осликување на живописот во црквата "[[Св. Атанасие]]" во с. [[Теово]], каде можат да се воочат почетните напори да создаде своја "автохтона експресија". Работата со зографот [[Петар Николов]] на живописување на црквата "Св Јоаким Осоговски" (1885 и 1887) за него е корисно искуство, каде можел да го осознае традиционалниот зографски стил. Неговите тежненија за "оплеменување" на ликовите или внесување на иконографски новини (импресии од [[Русија]]), сепак биле контролирани од авторитетот на постарите зографи со кој Андонов работел на осликување на живописни ансамбли (црквата "[[Св. Димитрија]]" во [[Крива Паланка]] - 1887 година; црквата "[[Св. Пантелејмон]]" во с. [[Пантелеј]] - 1888/1889 г.).
 
Последните децении на 19XIX век се веќе зрела фаза од творештвото на Андонов каде преку креативна работа успеал своите тенденции да ги преточи во афирмирање на "европските" придобивки. Ова време го одбележува делумното живописување на западната фасада на големата и малата црква ("Раѓање на Богородица") во манастирскиот комплекс "[[Свети Јоаким Осоговски]]" (1893).На самиот почеток на 20XX век, Андонов работи на живописувањето на црквите "[[Св. Никола]]" и "[[Св. Ѓорѓи]]" во с. Станишор во близина на [[Гнилане]] (1901-1903) каде неговото сликарство ќе биде подложно на влијанието од српската уметност и иконографија. Во 1932/33 година тој повторно се навраќа на живописување во наосот на црквата "Св. Јоаким Осоговски" каде не дава новини, туку напротив, се навраќа на средновековните модели. Андонов во големата црква во Осоговскиот Манастир за последен пат работи во 1944/45 година, каде ги завршува празните полиња во наосот, но без младешката енергија не успева да го задржи својот квалитет.
 
== Фази ==