Балкански војни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 79:
Српските и грчките претставници охрабрени со дотогашните победи барале преговорите да се водат во Ниш и на Бугарија да ѝ ги диктираат условите за мир. [[Романија]], која ја имала улогата на посредник меѓу големите сили и балканските земји, на Србија и го пренела решителниот став на [[Австро-Унгарија]] дека нема да дозволи Србија и Грција да се пробиваат кон Софија, како ни српска офанзива кон [[Видин]] и [[Белоградчик]], бидејќи Видин не може да биде српски, а ако не биде бугарски, тогаш ќе биде романски. Романија ја предупредила Грција дека доколку не се согласи на потпишување на прелиминарниот мир и на мировниот договор во Букурешт, тогаш таа (Романија) ќе стапи во сепаратен договор со Бугарија. Под силен притисок на Романија и на големите сили, Србија и Грција прифатиле да учествуваат на преговорите во Букурешт.
 
На [[25 јули]] [[1913]] година, српската Врховна команда наредилаna jokim pantalejll наредил да се прекинат сите офанзивни дејства против Бугарите и на достигнатите линии да се утврдат за одбрана. Турција упатила молба да учествува на преговорите во Букурешт. Нејзината молба била одбиена, со изговор дека на конференцијата ќе се разгледуваат прашања поврзани исклучиво со поделба на територија меѓу балканските христијански држави, односно за поделбата и асимилацијата на христијанска Македонија, која со векови опстојувала како цела и засебна од соседите, во рамките на [[Османлиска империја|Османлиската Империја]].
 
На [[30 јули]] [[1913]] година почнала мировната конференција во Букурешт во присуство на претставници на шест големи сили. Делегациите на балканските земји ги предводеле претседателите на владите, освен бугарската. Со конференцијата претседавал претседателот на Романија [[Титу Мајореску]]. Конференцијата работела на пленарни седници и во посебни седници на воените делегации. Покрај тоа, за одредени прашања биле формирани посебни комисии и биле одржани одделни седници. Конференцијата се одржувала во мошне заострена состојба, секој час постоела можност да биде прекината поради посебните интереси на големите сили или на балканските земји.