Јаника Балаж: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
== Живот ==
 
Балаж е роден во [[1925]] г. во [[Лукино Село]] кај [[Зрењанин]], во [[Унгарски јазик|унгаројазично]] [[Роми|ромско]] семејство кое се негувала силна музикална традиција. Татко му впрочем се презивал Рач (''Rácz''), што бил неубав унгарски збор за [[Срби]]н, па затоа го презел мајчиното презиме Балаж. Израснал во [[Бечеј]], каде почнал да свири [[виолина]] во локалната [[кафана]] уште на возраст од 10 години. Кога сфатил дека не може да биде најдобриот виолинист, почнал да свири [[тамбура]] („прим“ или „бисерница“), и продолжил на неа до крајот на животот. Подоцна свирел во оркстарот "Браќа козаци" во подрачјето на [[Суботица]] и [[Хоргош]]. Од 1948 до 1951 работел во Радио Титоград, [[Црна Гора]], кадешто ги усовршил своите вештини на тамбура.
 
Работел во Радио Нови Сад од неговото основање во 1951 г. па сè до смртта, а членувал и во „Велики тамбурашки оркестар“ при радиото. Вечерите со неговиот осумчлен оркестар свирел по новосадските кафани, особено на [[Петроварадинска тврдина|Петроварадинската тврдина]] и станал еден од нејзините симболи. Во текот на кариерата одржувал концерти ширум светот, вклучувајќи 36 изведби во [[Олимпија (Париз)|париска Олимпија]]. Добивал повеќе понуди да се пресели во [[САД]] и [[СССР]] за да работи како наставник по тамбура, но Балаж никогаш не се согласил да го напушти Нови Сад, каде и починал во 1988 г.