Европски филмски награди: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
дополнување
Ред 1:
'''ЕвропскиЕвропските филмски награди (ЕФА)''' ([[англиски]]: ''European Film Awards, EFA'') претставувасе годишна манифестација на која се доделуваат [[филм]]ски награди на [[Европа|европски]] автори, во повеќе категории: најдобар филм, најдобро [[сценарио]], најдобра [[режија]], најдобра улога итн. Наградите се доделуваат според изборот на [[Европска филмска академија|Европската филмска академија]], како и според гласовите на публиката.
 
== 2625. издание на ЕФА ==
На 25. издание, одржано во [[Ла Валета]], [[Малта]], севкупен победник бил [[Австрија|австрискиот]] режисер [[Михаел Ханеке]], со освоени четири награди за филмот „[[Љубов (филм)|Љубов]]“.<ref>Гордана Настевска-Манасиевска, „Ноќ на големите победници“, ''ТЕА Модерна'', број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 30-33.</ref>
== 26. издание на ЕФА ==
На 26. издание на ЕФА, одржано во [[Берлин|берлинскиот]] [[театар]] „Хаус дер берлинер фестшпиле“, водителка била [[Германија|германската]] актерка [[Анке Енгелке]], а на церемонијата присуствувале 900 гости. Наградите ги доделувале: [[Кристофер Ламберт]], [[Номи Рапас]], [[Дајан Кругер]], [[Кристин Скот Томас]], [[Волкер Шлендорф]], [[Роси де Палма]] итн. Пред почетокот на манифестацијата, најголем фаворит бил освојувачот на „[[Златна палма]]“ [[Абделатиф Кашиш]], со филмот „[[Адел: Поглавје 1 и 2]]“, но сепак, наградите за најдобар [[филм]] и најдобар режисер му припаднале на [[Италија|италијанскиот]] режисер [[Паоло Сорентино]] за филмот „[[Големата убавина]]“.<ref>Гордана Настевска-Манасиевска, „Ноќ на големите победници“, ''ТЕА Модерна'', број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 30-31.</ref>
 
 
На 26. издание на ЕФА, најмногу номинации имал [[Белгија|белгискиот]] филм „[[Скршениот круг]]“ на режисерот [[Феликс ван Гронинген]], кој сепак, освоил само една награда - онаа за најдобра женска улога (ја добила актерката [[Верле Батенс]]). Филмот на познатиот [[Франција|француски]] режисер [[Франсоа Озон]] „Во куќата“ ја освоил наградата за најдобро [[сценарио]], додека режисерот [[Јан Оле Герстер]] ја овоил наградата за откритие. Големата француска актерка [[Катрин Денев]] ја добила наградата за животно дело, која ѝ ја врачил познатиот германски режисер [[Вим Вендерс]].<ref>Гордана Настевска-Манасиевска, „Ноќ на големите победници“, ''ТЕА Модерна'', број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 31.</ref>
 
Романката Ада Соломон била добитничка на наградата за најдобар продуцент, за филмот „Ставот на детето“; италијанскиот актер [[Тони Сервиљо]] ја освоил наградата за најдобар актер, за улогата во филмот „Големата убавина“; големиот [[Шпанија|шпански]] режисер [[Педро Алмодовар]] добил специјална награда за придонесот кон развојот на европското кино; режисерот [[Јошуа Опенхајмер]] ја добил наградата за најдобар [[документарен филм]] за филмот „Акт на убиство“; додека [[Ари Фолман]] ја добил наградата за најдобар долгометражен [[анимиран филм]] за филмот „Конкрес“.<ref>Гордана Настевска-Манасиевска, „Ноќ на големите победници“, ''ТЕА Модерна'', број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 30-33.</ref>
 
== 27. издание на ЕФА ==
На 27. издание, одржано во [[Рига]], севкупен победник бил [[Полска|полскиот]] [[режисер]] [[Павел Павликовски]], чиј филм „[[Ида]]“ освоил четири награди, и тоа во категориите: најдобар филм, најдобра режија (Павел Павликовски), најдобро [[сценарио]] (Павликовски и Ребека Ленкиевич) и најдобра [[фотографија]] (Лукаш Жал и Ришард Ленчевски). Исто така, овој филм ги освоил и гласовите на публиката.<ref>„Ида на Павликовски ги собра европските филмски награди“, Дневник, година XVIII, број 5642, понеделник, 15 декември 2014, стр. 20.</ref>
 
За најдобра [[комедија]] бил прогласен [[Италија|италијанскиот]] филм „Мафијата убива само лете“ на [[Пјерфранческо Дилиберто]]; за најдобри актери биле прогласени [[Марион Котијар]] (за улогата во филмот „[[Два дена, една ноќ]]“) и [[Тимоти Спол]] (за улогата во филмот „Г. Тарнер“); наградата на критиката за откритие на годината ја добил филмот „Племе“ на [[Мирослав Слабошпиткиј]]; за најдобар [[документарен филм]] бил прогласен „Господар на универзумот“ на [[Марк Баудер]]; наградата за најдобар [[анимиран филм]] му припаднала на „Уметноста на среќата“ на [[Алесандро Рак]]; [[Босна и Херцеговина|Босанката]] Уна Гуњак ја добила наградата за најдобар краток филм за своето дело „Кокошка“; наградата за најдобра [[музика]] ја добил [[Мика Леви]] за филмот „Под кожата“; наградата за животно достигнување ја добила [[Франција|француската]] режисерка [[Ањес Варда]], а наградата за достигнување во светската кинематографија му припаднала на [[Стив Мекквин]].<ref>„Ида на Павликовски ги собра европските филмски награди“, Дневник, година XVIII, број 5642, понеделник, 15 декември 2014, стр. 20.</ref>
 
== Наводи ==