Марија Кири: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 14:
 
== Биографија ==
=== Рани години ===
 
Родена во Варшава, Полска, во тоа време под власт на Руското Царство, нејзиното детство било тажно, обележано со смртта на нејзината сестра (починала од тифус), а по четири години и на нејзината мајка. Било забележано дека има неверојатно помнење и способност за исцрпувачка работа, занемарувајќи ги дури и храната и спиењето за време на учењето. После матурирањето на само петнаесетгодишна возраст, била потполно исцрпена и била испратена на село за да закрепне. Поради тоа што била женско, како и поради руските (анти-полски) репресии по Јануарското Востание од 1863 година, не и било дозволено да се запише на ниту еден универзитет, така што неколку години била принудена да работи како гувернанта и да го посетува нелегалниот т.н. „Летечки Универзитет“. Конечно, со финансиска помош од нејзината постара сестра Брониа, се преселила во Париз. Посетувала приватен женски колеџ, а потоа студирала физика и математика на „Сорбона“ и завршила прва во генерацијата, во пролетта 1893 година. Една година подоцна, магистрирала на математика, исто така на „Сорбона“. Под менторство на [[Анри Бекерел]], во 1903 година докторирала на Високата школа за индустриска физика и хемија во Париз, како прва жена – доктор на науки во Франција.