Интернет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
се бара извор
Ред 4:
Наспроти општоприфатеното користење, поимите семрежје и пајажина (''web'') не се синоними: семрежјето е збирка на меѓусебно поврзани сметачки мрежи, поврзани со бакарни жици, оптичковлакнени кабли, безжични врски и слично, додека пајажината е збирка на меѓусебно поврзани документи со користење хиперврски и адреси (Uniform Resource Locator / URL ), до кои што може да се пристапи со користење на семрежјето. Покрај пајажината, семрежјето обезбедува и многу други [[мрежна служба|служби]], како [[е-пошта]], споделување на податотеки итн.
 
==Историја и помивање на семрежјето ==
Корените на семрежјето се во ARPANET, американсaамериканскa одбранбена мрежа создадена во 1969 година. Првата TCP/IP мрежа е направена на [[1 јануари]] [[1983]] така што овој датум е земен за создавањето на семрежјето. Во тоа време семрежјето можеле да го употребуваат универзитетите, војската и некои други државни организации во [[САД]] и бил наречен NSF (National Science Fondation = Национална научна фондација). Семрежјето доби комерцијална употреба дури во 90-тите години.
 
Во август [[1991]] година од CERN (европска организација за нуклеарни проучувања) го претстави проектот World Wide Web, а две години подоцна се претставени и [[HTTP]] протоколот и [[HTML]] кодот. Беше создадено првото мрежно место на CERN. А веќе во [[1993]] година беше создаден и првиот графички пребарувач ''Mosaic web browser 1.0''.