Мачуково: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 22:
 
==Население и историја==
Мачуково во минатото било едно од најголемите македонски села во гевгелиско-кукушкото подрачје, па дури своевремено било поголемо и од [[Гевгелија]], но по отворањето на железничката пруга [[Солун]] - [[Скопје]] - [[Белград]] почнало да опаѓа за сметка на [[Гевгелија]]<ref>Симовски, Х. Тодор. ''Населените места во Егејска Македонија''. Скопје, 1998. Книга II, стр. 105</ref>. Во 1900 година К'нчов го споменува со 1.300, а Бранков во 1905 година со 1.312 жители - [[Македонци]], додека Милоевиќ го запишал со 200 македонски куќи<ref>Симовски, Х. Тодор. ''Населените места во Егејска Македонија''. Скопје, 1998. Книга II, стр. 105</ref>. Селото многу настрадало во [[Балкански војни|двете Балкански војни]] и [[Прва светска војна|Првата светска војна]], кога во есента 1916 година, бидејќи тука минувала фронтовата линија, било присилно раселено<ref>Симовски, Х. Тодор. ''Населените места во Егејска Македонија''. Скопје, 1998. Книга II, стр. 105</ref>. Делумно било обновено по нормализирањето на состојбата<ref>Симовски, Х. Тодор. ''Населените места во Егејска Македонија''. Скопје, 1998. Книга II, стр. 105</ref>. Во пописот од 1913 година Мачуково се води како преполовено со само 511 жители, а во 1920 година со 313 жители, бидејќи поголемиот дел од неговите жители уште пред балканските војни се преселиле во Гевгелија, а подоцна поголем број од нив се иселиле во [[Бугарија]], како и обратно извесен број гркомански макеоднски семејства од гевгелиските села се преселиле во Мачуково<ref>Симовски, Х. Тодор. ''Населените места во Егејска Македонија''. Скопје, 1998. Книга II, стр. 105</ref>.Селото повторно почнало да расте по 1924 година кога грчките власти населиле поголем број доселенички семејства, претежно од Понд и Кавказ, а поради поставувањето на државната граница Мачуково било отсечено од Гевгелија<ref>Симовски, Х. Тодор. ''Населените места во Егејска Македонија''. Скопје, 1998. Книга II, стр. 105</ref>. Денес, Мачуково има околу 200 жители потомци на грчки доселеници, Маџири (колонизирани во периодот на [[1913]] - [[1922]]) кои најчесто се вработени во граничните и царинските служби на граничниот премин кон [[Република Македонија|Македонија]]. Според статистиката на бугарскиот патеписец Васил К'нчов кон крајот на 19 век Мачуково било населено со 1300 [[Македонци]] кои во неговите записи се запишани како [[Бугари]] ([http://knigite.abv.bg/vk/vk_2_05.htm]). Според Стојан Киселиновски (во книгатанеговата книга „Етничките промени во Македонија (1913-1995) до [[1922]] година селото било населено исклучиво со [[Македонци]], кои поради грчкиот терор и насилно иселување, се имаат преселено преку границата во [[Гевгелија]], [[Моин]], [[Богородица]] и другите гевгелиски села сместени блиску до граничната линија.
 
== Личности ==