Разлика помеѓу преработките на „Зимски сон (филм)“

ситна поправка
(→‎Содржина: ситна поправка)
(ситна поправка)
'''Зимски сон''' ([[турски]]: ''KisKiṣ uykusu'') е турски [[филм]] од [[2014]] година, во [[режија]] на [[Нури Билге Џејлан]] (Nuri Bilge Ceylan), кој е автор и на [[сценарио]]то, заедно со Ебру Џејлан (Ebru Ceylan). Главните улоги ги толкуваат: Халук Билгинер (Haluk Bilginer), Мелиса Сезен (Melisa Sözen), Демет Акбаг (Demet Akbag) и Ајберк Пекџан (Ayberk Pekcan). Филмот бил снимен во продукција на Zeynofilm, Bredok Filmproduction и Memento Film productions, а продуцент е Зејнеп Езбатур Атакан (Zeynep Özbatur Atakan). Кинематографијата е дело на Гекан Тирјаки (Gökhan Tiryaki), а монтажата ја извршиле Нури Џејлан (Nuri Bilge Ceylan) и Бора Гексингол (Bora Göksingöl). При снимањето на филмот, режисерот бил инспириран од кратките раскази на [[Чехов]], како и делата на [[Толстој]], [[Достоевски]] и [[Волтер]].
 
Филмот трае 196 [[Минута|минути]] и снимен е во колор [[техника]]. Филмот бил премиерно прикажан на [[16 мај]] [[2014]] година на [[Кански филмски фестивал|Канскиот филмски фестивал]], каде ги добил наградите „Златна палма“ и „FIPRESCI“. Вкупно, филмот освоил две награди и имал пет номинации на разни фестивали.<ref>[http://www.imdb.com/title/tt2758880/awards?ref_=tt_awd IMBb, Winter Sleep (2014), Awards (пристапено на 30.11.2014)]</ref> <ref>МКЦ, ''Пази се! Доаѓа Cinedays 13. 13-22 Ное.'', Скопје, 2014, стр. 51.</ref>