ФК Базел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 80:
 
Во [[Национална лига А (Швајцарија) 1969-1970 | сезоната 1969-70]], уште еднаш, Базел ја освоил лигата со бод повеќе од Лозана. Во своето трето учество во Европскиот куп во [[Куп на шампиони 1970/71 | сезоната 1970-71]], тие конечно ја минале првата фаза (елиминирајќи го [[ФК Спартак Москва | Спартак Москва]]) и стигнал до вториот круг, каде загубиле од подоцнежниот шампион [[ФК Ајакс|Ајакс]] со вкупен резултат 5-1. Базел не ја задржат својата титула [[Национална лига А (Швајцарија) 1969-1970 | следната сезона]] и покрај тоа што завршиле со ист број на бодови како шампионите, Грасхопер, кој биле подобри во меѓусебниот дуел за титулата со 4-3. Откако ја загубиле титулата во оваа сезона, Базел потоа освоил две титули во лигата по ред, во сезоните [[Национална лига А (Швајцарија) 1971-1972 | 1971-1972]] и [[Национална лига А (Швајцарија) 1972-1973 | 1972-1973]]. Тие, исто така, го освоиле и [[Лига куп на Швајцарија во фудбал | Лига купот]] во 1972 година. Во Европа, Базел не успеал да импресионира, испаѓајќи во првата фаза од [[Унгарија | унгарскиот]] [[ФК Ујпешт | Ујпешт]] во [[Куп на шампиони 1972/73|сезоната 1972-73]], но во [[Куп на шампиони 1973/74 | сезоната 1973/74]] тие се истакнале со перуанската легенда [[Теофило Кубиљас]] во своите редови, стигнале до четврт-финалето елиминирајќи ги [[ФК Фрам | Фрам од Рејкјавик]] и [[ФК Клуб Бриж | Клуб Бриж]], пред тесно да загубат од Селтик со вкупен резултат 5-6. И покрај подобрувањето на Базел на европската сцена, тие не успеале да ја освојат лигата во следните четири години, но го освоиле Купот на Швајцарија во [[1975]] година, победувајќи го [[ФК Винтертур|Винтертур]] со 2-1 [[Продолжетоци (фудбал) | по продолженија]].
 
Долго очекуваната шампионска титула дошла во [[Национална лига А (Швајцарија) 1976-1977 | сезоната 1976-1977]], откако тие го победиле Сервет во разигрувањето. Така, Базел се вратил во натпреварите од [[Лигата на шампиони | Европскиот Куп на шампиони]] но биле поразени во првиот круг, уште еднаш, од страна на [[ФК Вакер Инсбрук | Вакер Инсбрук]]. По успехот во сезоната 1976-1977, Базел поминал две сезони под својте стандарди завршувајќи во средината на табелата, но славата на клубот ќе се врати во се [[Национална лига А (Швајцарија) 1979-1980 | сезоната 1979-1980]], кога Базел ќе ја освои својата 8-ма титула во [[Швајцарска Супер лига | Националната лига А]], преку плејофот. Сепак, тренерот [[Хелмут Бентхаус]] го напуштил клубот во [[1982]] година и во следните сезони во перформансите на Базел бил забележан голем регрес кој ќе доведе дури до испаѓање во [[Швајцарска Челинџ лига | Националната лига Б]] во [[Национална лига А (Швајцарија) 1987-1988 | сезоната 1987-1988]]. Неколку тренери дошле и си заминале од Базел, се додека клубот конечно не се вратил во [[Швајцарска Супер лига | Националната лига А]] во [[1994]] година под водство на [[Клод Андреј]]. Базел избегнал испаѓање за три бода во нивната прва сезона по враќањето во највисоката дивизија, но Андреј бил отпуштен и заменет со [[Карл Енгел (фудбалер) | Карл Енгел]]. Енгел го доведе Базел до петтото место во [[Национална лига А (Швајцарија) 1995-1996 | неговата прва сезона на чело]] и солидно место во средината на табелата во [[Национална лига А (Швајцарија) 1996-1997 | сезоната 1996-1997]], но тој бил отпуштен по слабиот старт на [[Национална лига А (Швајцарија) 1997-1998 | сезоната 1997-1998]], во кој Базел го освоил второто место одоздола на табелата. [[Јерг Бергер]] потоа ја презел функцијата, но неговиот мандат траел само една година пред на чело да дојде [[Кристијан Грос]]. Во годините што следат Грос ќе се претвори во најуспешниот тренер во историјата на Базел
 
===2002-денес; Доминација во Швајцарија и пробив на Европската сцена ===
Во [[2002]] година, под водство на Кристијан Грос, тимот го освоил [[Швајцарска Супер лига | првенство]] и [[Фудбалски куп на Швајцарија | купот]]. Следната сезона учествувале во [[УЕФА Лига на шампиони 2002/03 | Лигата на шампионите]], исклучително важен настан, како еден од ретките швајцарски тимови во историјата кој успеале да учествуваат во втората групната фаза (осмина-финална) од ова натпреварување. Во таа сезона, тимот успеал да победи екипи како [[ФК Селтик | Селтик]], [[ФК Депортиво де ла Коруња | Депортиво Ла Коруња]], [[ФК Спартак Москва|Спартак Москва]] и [[ФК Јувентус | Јувентус]], а играле нерешено два пати со [[ФК Ливерпул|Ливерпул]] и еднаш со [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]] на [[Олд Трафорд]].
 
Во сезоната 2005-2006 (откако биле прерано елиминирани од Лигата на шампионите) тимот стигнал до четврт-финалето од Купот на УЕФА, каде бил исфрлен од страна на [[ФК Мидлзборо | Мидлзборо]].
 
На [[13 мај]] [[2006]], Базел на неверојатен начин ја загубил титулата во домашниот шампионат, по поразот со 1-2 на домашен терен од [[ФК Цирих | Цирих]], во последното коло од првенството. Голот за титула на Цирих го постигнал одбранбениот играч [[Јулијан Филипеску]] во 92-рата минута; двата тима завршиле со освоени 78 бода, но Цирих поради подобрата гол разлика станал шампион. Денот се памети, особено заради многу тешките судири што следеле меѓу навивачите на двата клуба. Двете страни предизвикале оштетувања на некои структури на стадионот.
 
Во сезоната 2006-2007 сезона тимот бил елиминиран од групната фаза на Купот на УЕФА, а во изданието 2007-2008 на истото натпреварување бил елиминиран од [[ФК Спортинг Лисабон|Спортинг Лисабон]] во шеснаестина-финалето.
 
На [[10 мај]] [[2008]] година Базел ја освоил својата дванаесетта титула, победувајќи го во последниот натпревар од првенството вицешампионот [[ФК Јанг Бојс]]. Во квалификациите за Лигата на шампионите ја совладале [[Виторија Гимареш]], а во групната фаза го освоиле последното место со само еден бод во група со [[ФК Барселона | Барселона]], Спортинг Лисабон и [[ФК Шахтар Донецк|Шахтар Донецк]].
 
На [[7 декември]] [[2011]], во последното коло од групната фаза на [[УЕФА Лига на шампиони 2011/12 | Лигата на шампионите]], Базел успеал да го победи [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]] со 2-1, завршувајќи на второ место за сметка на ''Црвените ѓаволи'', позиција која му донесе историска квалификација во нокаут фазата; таму швајцарскиот тим бил елиминиран од [[ФК Баерн Минхен|Баерн Минхен]] со вкупни 1-7.
 
Во сезоната 2012-2013, во Базел стигнал до полуфиналето на [[Лига Европа]], каде биле елиминирани со двоен пораз од подоцнежните шампиони екипата на [[ФК Челзи | Челзи]]. На [[1 јуни]] [[2013]] ја освоиле својата шеснаесетта титула, четврта по ред. Отпаднале од Лигата на шампионите и продолжиле во Лигата на Европа 2013-14, каде биле елиминирани во четврт-финалето од Валенсија, и покрај успехот во првиот натпревар на домашен терен со 3-0, во реваншот во Шпанија загубиле со 5-0.
 
Сезоната 2013-2014, ја завршиле со нова титула во [[Швајцарска Супер лига|Швајцарија]], вкупно седумнаесетта, и петта сезона по ред.
 
==Бои и амблеми==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/ФК_Базел