Планинарски дом „Чеплез“: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Планинарскиот дом „Чеплез“''' се наоѓа во месноста [[Чеплес]] на планината [[Даутица]], на планинскиот масив [[Јакупица]]. Домот се наоѓа во шума од високи букови дрва. Околу домот има широко отворен простор, тревнат и обраснат со папрат. Има извонреден планински амбиент и поглед кон врвовите на Јакупица. Домот е изложен на исток и има долг сончев период преку денот.
 
== Изградба ==
Ред 7:
Граден е од тврд камен и кал. Катот е граден од плот (плитар) малтерисан со кал. Кровната конструкција е од дрво покриен со поцинкуван лим. Има подрумска просторија, приземје и кат. Покрај домот е изградена помошна просторија, градена од цврст материјал (камен и малтер) во која е сместена трпезарија, кујна, бања и тоалет.
 
Домот има пет соби за спиење од кои две поголеми со групни лежаи. Има 56 кревети, но со групното сместување може да се сместат околу 100 планинари. Домот редовно се одржува, има електрично осветлување, довод на вода од сопствен извор - Нортонов бунар (пумпа). Надвор од домот има чешма со природна вода, исправна за пиење. Моментално е во изградба нова зграда со соби за сместување како продолжение на градбата каде што се наоѓа кујната.
 
Домот е постојано отворен и има постојан домар.