Еден Азар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 36:
 
== Приватен живот ==
Хазард е роден во градот Ла Лувиер, но израснал во Бреин ле Комт, мал град во регионот Валонија. Тој израснал во семејство каде што доминирал фудбалот. Неговата мајка Карин и неговиот татко Тиери ( да не се помеша со францускиот пејач и текстописец со истото име) обајцата беа фудбалери во Белгија. Неговиот татко најголем дел од неговата кариера помина во белгиската Втора Лига во Р.А.А Лувиероз, додека неговата мајка играше како напаѓач во белгиската Прва Лига за жени. Хазард е највозрасниот од четирите деца. Тој има три помлади браќа, од кои сите играат фудбал. Торган, 18 години, во моментов игра за најомразениот ривал на Лил, Ленс. Останатите помлади браќа на Хазард, Калиан 16 години и Итан 7 години, остануваат во Белгија играјќи во младинската академија на поранешниот клуб на Хазард, А.Ф.Ц Тубице. Во Март 2011, беше објавено дека е постигнат договор, со кои Калиан треба да му се приклучи на Лил во Август 2011 кога ќе наполни 16 години. Хазард и неговите тројца браќа, израснале во удобна средина во која нивните родители им обезбедиле се што им било потребно за да успеат. Семeјството живее на не повеќе од “три метри” до теренот за тренинг и браќата често одеа до таму преку мал отвор со цел да ги усовршат и развијат нивните вештини. Во моментов Хазард е во врска со неговата девојка Наташа. На 19-ти Декемвридекември, белгиските и француските медиуми објавија дека таа родила машко дете.
 
== Клупска кариера ==
Ред 46:
=== Лил ===
 
Хазард се приклучи на Лил во 2005 година и помина две години да се развива во локалното спортско училиште на клубот, поради тоа што Младинската академија во Лучин во тоа време не беше во функција. На 28-ми Мајмај 2007, тој го потпиша својот прв професионален договор обврзувајќи се на тригодишен договор со Лил. На почетокот на сезоната 2007-2008, на возраст од 16 години, Хазард беше одбран во резервниот состав на клубот во аматерската лига четврто ниво на Франција, иако тој сеуште играше за тимот на Лил до 18 години во нивната младинска лига во купот Гамбардела. Хазард го направи своето аматерско деби влегувајќи во игра во второто полувреме како замена, на 1-ви Септемврисептември на Лига натпревар против Расинг Клуб д’ Франс во поразот од 3-1. Тој за првпат настапи како стартер една недела подоцна, во поразот на неговиот тим од Лескуин со 1-0.
 
Откако го помина поголемиот дел од Октомври и почетокот на Ноември играјќи за тимот до 18 години, поради тоа што неколку играчи имаа репрезентативни обврски, на 14-ти Ноемвриноември Хазард беше повикан во сениорскиот тим од менаџерот Клод Пуел да настапи на пријателски натпревар против белгискиот клуб Бриж на 16-ти Ноемвриноември. Тој настапи како резерва на натпреварот и како резултат на неговата изведба, беше вклучен во 18 члениот тим, кој се соочи со Нанси во првенствен натпревар на 24-ти Ноемвриноември. Хазард, потоа го направи своето професионално деби на следниот натпревар како резерва во 78-та минута. Хазард се врати во резервниот тим на клубот и играше за тимот во Декември. По зимската пауза, Хазард се врати во првиот тим во Јануари и настапи како резерва на три првенствени натпревари против: Мец, Сошо и Париз Сен Жермен. Потоа, тој повторно беше префрлен на аматерско ниво, каде што истовремено настапуваше за резервниот тим во четвртата лига и за тимот до 18 години во купот Гамбардела. На 17-ти Мајмај 2008 година, тој го постигна својот прв аматерски гол во победата од 3-2 над Витре. Хазард ја заврши аматерската кариера со 11 настапи и еден гол, со што му помогна на резервниот тим да го освои петтото место, кој што беше прв помеѓу резервните тимови на професионалните клубови кои играат во тоа натпреварување.
 
==== Сезона 2008-2009 ====
 
Во сезоната 2008-09, Хазард го носеше дресот со број 26 и беше прекомандуван во сениорскиот тим од новиот менаџер Руди Гарсија. Во почетокот, тој настапи неколкупати како резерва, официјално дебитирајќи на натпреварот против Сошо, како резерва, во ремито од 1-1 на 14-ти Септемврисептември 2008. На еден од неговите настапи како резерва тој се покажа како доста корисен, против Оксер[[ФК Осер]] на 20-ти Септемврисептември. Лил губеше со 2-1 во последните минути од натпреварот, и по изведувањето на корнерот на Лил и краткото исфрлање на топката од играчите на ОксерОсер, Хазард упати удар со десната нога надвор од шеснаесетникот. Тој го совлада голманот и го израмни резултатот на 2-2 во 88-та минута. Со голема самодоверба, Лил го доби натпреварот во судиското надополнување со 3-2 со голот на Тулио де Мело. Со првиот гол во кариерата, тој стана најмладиот играч кој постигнал гол во историјата на клубот. Четири дена откако го постигна својот прв гол во кариерата, Хазард за првпат дебитираше како стартер во Купот на Франција, во поразот од 4-2 на пенали од Монпеље. Откако на следните пет натпревари во првенството тој беше резерва, на 15-ти Ноемвриноември Хазард за првпат дебитираше како стартер во првенството против Сент Етјен. Тој го одбележа настапот постигнувајќи го првиот гол во победата од 3-0 на неговиот тим. Лил му понуди продолжување на договорот на три години, како резултат на неговите добри настапи за тимот, на што тој се согласи на 18-ти Ноемвриноември 2008 обврзувајќи се со клубот до 2012 година.
 
Откако настапуваше како резерва во Декември, Хазард се врати во почетната постава на тимот во Јануари. На 23-ти Јануаријануари, тој го постигна вториот гол во победата од 3-0 на натпреварот против аматерскиот тим на [[Денкерк]] во 1/16 финалето на Купот на Франција. Две недели подоцна, тој го постигна победоносниот погодок против Сошо во првенството, а на 22-ри Февруарифевруари асистираше во победоносниот погодок против Монако. Во осминафиналето во Купот на Франција, Хазард постигна гол во победата од 3-2 над бранителот на трофејот во Купот на Франција Лион. На 26-ти Априлаприл, тој го постигна првиот гол против Марсеј, иако Лил го загуби натпреварот со 2-1. На последните десет натпревари од сезоната, Хазард настапи осумпати како стартер и придонесе во пласманот на тимот на 5-то место, место кое го одведе Лил во новоформираната Лига Европа на УЕФА. По крајот на сезоната, тој беше прогласен за Најдобар млад играч на годината од Унијата на професионални фудбалери УНФП, со што стана првиот странски фудбалер кој го добил ова признание.
 
==== Сезона 2009 - 2010 ====
 
По сезоната 2008-09, во голем број на земји постојано се појавуваа медиумски шпекулации околу достапноста на Хазард на трансфер пазарот. И покрај тоа што претседателот на Лил, Мишел Сејду објави дека играчот не е на продажба, а Хазард изјави дека сака да остане во клубот најмалку уште една година, неколку клубови пројавија интерес за играчот. Значајни клубови како што се: англиските Арсенал и Манчестер Јунајтед, италијанскиот Интер и шпанските клубови Барселона и Реал Мадрид. Француската фудбалска легенда, Зинедин Зидан лично го препорача играчот на Реал Мадрид.
Хазард ја започна сезоната 2008-09 во силно темпо, постигнувајќи гол во првиот официјален натпревар на Лил во сезоната. Голот го постигна во победата од 2-0 против српскиот клуб ФК Севојно, на првиот натпревар во третото квалификациско коло во Лигата на Европа. На 27-ми Августавгуст, тој го постигна вториот гол во кариерата во европските купови против белгискиот Генк во реваншот од плејофот. Тоа беше четвртиот гол за Лил во победата од 4-2. Со вкупен резултат од 6-3, клубот обезбеди пласман во групната фаза на Лигата на Европа. На 22-ри Октомвриоктомври, тој постигна гол во 84-та минута, во важната победа на Лил над италијанскиот клуб Џенова, откако влезе во игра како резерва 10 минути порано. Откако прими топка по левата крилна позиција, Хазард брзо ја претрча средината поминувајќи шестмина дефанзивци пред да постигне гол од 18 јарди. Еден месец подоцна, Хазард беше клучен во демолирањето на чешкиот клуб Славија Прага со 5-1, и беше делумно заслужен за првиот гол откако ја помина одбраната и испрати центаршут до дирекот, со кој го принуди играчот на Славија, Марек Сучи, да си постигне автогол.
 
На 20-ти Декемвридекември, тој го постигна првиот првенствен гол во сезоната, во победата над Ле Ман со 3-0. Хазард исто така асистираше во постигнувањето на другите два погодока. На 30-ти Јануаријануари, Хазард го постигна единствениот погодок на “дербито на северот” за Лил против ривалот Ленс. Победата му помогна на клубот да обезбеди стабилност во лигата, одржувајќи ги на позиции на табелата кои водат во Лигата на Шампионите, и исто така ја прекина катастрофалната недела во која Лил претрпе елиминација во двата француски купа. Пет дена подоцна, Хазард и Лил постигнаа договор за продолжување на договорот, со кои играчот ќе остане во клубот до 2014 година. На 11-ти Мартмарт, Хазард од слободен удар во 83-та минута го постигна единствениот гол во победата над англискиот клуб Ливерпул во првото коло во Лигата на Европа. Три недели подоцна, Хазард беше асистент на два гола во победата од 4-1 над нивниот конкурент за титулата Монпеље. Со двете асистенции, тој стигна до бројката седум во лигата, пласирајќи се на втората позиција. За неговите импресивни игри во месец Март, Хазард ја доби наградата Играч на месецот.
 
На 29-ти Априлаприл, Хазард беше номиниран за наградата Играч на годината. Исто така, тој втора сезона по ред беше номиниран за наградата Млад играч на годината. На 9-ти Мајмај, Хазард втора последователна сезона ја доби наградата Млад играч на годината. Тој е првиот играч кој ја добил наградата двапати од нејзиното воведување во 1994. Хазард загуби во трката за наградата Играч на годината, која му беше доделена на напаѓачот на Лион, Лисандро Лопез.
 
==== Сезона 2010 - 2011 ====
 
Хазард ја започна сезоната 2010-11 како стартер во првите шест натпревари во лигата за Лил, како и во натпреварите од Лигата на Европа. На 29-ти Августавгуст, тој го постигна својот прв сезонски гол во ремито од 1-1 со Ница. Кон крајот на Септември, Хазард се мачеше со непостојаноста во формата и беше повлечен на клупата од Гарсија го повелече на клупата во обид да му овозможи на Хазард да се соземе и да научи дека неговите настапи биле недоволни. Хазард потоа влезе во игра како резерва, во поразот на неговиот тим од португалскиот клуб Спортинг со 2-1 во Лигата на Европа и исто така како резерва на следните три првенствени натпревари против Тулуз, Монпеље и Лион. Хазард подоцна призна дека неговиот прв период на непостојаност влијаел на него, изјавувајќи “ Првите два месеци беа тешки. Не би рекол дека почнав да се сомневам во моите способности, но дефинитивно поминав низ навистина тежок период. “
 
На 7-ми Октомвриоктомври, селекторот на белгиската репрезентација, Жорж Ликенс, во врска со префрлувањето на Хазард на клупата на Лил, рече дека играчот мора да работи поинтензивно, и физички и психички, за да ја врати формата од минатата година. Помошниот-тренер на репрезентацијата, Марк Вилмоц, исто така изјави дека Хазард бил често пати мрзелив на тренинзите со репрезентацијата. Гарсија следниот ден одговори на коментарите на Ликенс, нагласувајќи дека смета дека тие биле престроги, е дека “Еден има само 19 години “ и сеуште може да напредува повеќе во сите области. По натпреварот Белгија-Казахстан, на кој Хазард не беше во почетниот состав, па дури не беше ни на клупата за резервни играчи, Ликенс одговори на коментарите на Гарсија, изјавувајќи дека тој ќе остане на неговите претходни коментари и дека играчите мораат да мислат и за тимот, а не само за себе. Хазард подоцна самиот се осврна на коментарите на Ликенс и Гарсија во Февруари, изјавувајќи “ Научив многу за време на тие неколку недели, искрено кажано. И од тогаш, работите се подобрија. Националниот состав има голем допринес за тоа - Добив многу со тоа што сум дел од него.
 
По паузата за репрезентативни обврски, Хазард повторно ја врати голгетерската форма постигнувајќи го последниот гол за Лил во победата од 4-1 над [[Кан (Нормандија)|Кан]] во Лига Купот на Франција на 27-ми Октомвриоктомври. Десет дена подоцна, тој го постигна својот втор гол во сезоната во победата од 3-1 против лидерот на табелата Брест. На 21-ви Ноемвриноември, Хазард беше асистент на двата погодока на Лил во победата од 2-1 над Монако. Победата ја продолжи непобедливата серија во домашното првенство, која го искачи Лил на врвот на табелата по убедливата победа од 6-3 над Лориен на 5-ти Декемвридекември. Хазард новата година ја започна со гол против аматерскиот клуб Форбах во Купот на Франција во првиот натпревар на неговата екипа во новата година. Лил победи со 3-1. Во следниот натпревар на тимот, тој беше асистент на головите на Муса Соу и Жервињо во победата од 2-0 на првенствениот натпревар со Ница. На 19-ти Јануаријануари, Хазард го постигна вториот гол во победата од 3-0 над Нанси. На 4-ти Мартмарт, официјалните лица на Лил потврдија дека Хазард го продолжил договорот за уште една година. Новиот договор го обврзува на верност со клубот до 2015 година. Во првиот натпревар по потпишувањето на новиот догвор, Хазард го постигна првиот гол во победата на Лил од 2-1 на гостувањето кај конкурентот за титулата Марсеј. Голот го постигна со удар со левата нога од речиси 35 метри(38 јарди) оддалеченост од голот и беше упатен со брзина од 95 километри на час(59 милји).
 
На 2-ри Априлаприл, Хазард го одбележа 100-от натпревар во лигата за Лил, постигнувајќи го вториот во победата од 3-1 над Каен. Со голот го израмни својот рекорд на постигнати голови во една сезона и исто така го одведе Лил на врвот на табелата со осум бодови предност пред конкурентите. За неговите настапи во месец Март, Хазард по вторпат беше прогласен за Играч на месецот. На 19-ти Априлаприл, откако влезе во игра во првото полувреме како замена, тој го постигна првиот гол на натпреварот во победата на Лил од 2-0 над Ница во полуфиналето на Купот на Франција. Победата го одведе клубот во финалето на Купот на Франција, прв настап за клубот во финалето на ова натпреварување од 1955 година. На 7-ми Мајмај, Хазард постигна гол од слободен удар за победа од 1-0 над Нанси. Три дена подоцна, втора сезона по ред беше номиниран за наградата Играч на годината. Во финалето на Купот на Франција, Хазард играше до 89-та минута, во кое Лил со 1-0 го победи Париз Сен Жермен на Стад д’ Франс. Една недела подоцна, Лил ја обезбеди титулата во првенството(“Лига 1”), со ремито од 2-2 на гости против Париз Сен Жермен, освојувајќи ја првата титула во првенството по сезоната 1953-54, и исто така првата двојна титула по сезоната 1945-46. Домашниот куп и титулата во првенството беа првите два трофеја во кариерата на Хазард. Една недела откако Лил го освои првенството, Хазард беше прогласен за Играч на годината во првенството и со тоа стана најмладиот играч кој ја добил наградата. Тој, исто така, втора сезона по ред беше награден со место во Најдобриот тим на годината.
 
==== Сезона 2011 - 2012 ====
 
Пред сезоната 2011-12, Хазард го смени бројот на неговиот дрес во 10-ка. Во првиот официјален натпревар на Лил, во новата сезона против Олимпик Марсеј, во Суперкупот на Франција, Хазард постигна гол за 2-0 во тој момент. Марсеј потоа направи пресврт и победи со 5-4. На 20-ти Августавгуст, во третиот натпревар во првенството, Хазард му асистираше на Беноа Педрети во првиот гол за Лил во победата од 2-1 над Каен. Еден месец подоцна, на 10-ти Септемврисептември, тој даде два гола во победата од 3-1 на гости против Сент Етјен. Четири дена подоцна, Хазард дебитираше во Лигата на Шампиони, во ремито од 2-2 во групната фаза со рускиот тим ЦСКА Москва. Во следниот натпревар во првенството откако дебитираше во Лигата на Шампионите, тој постигна гол од пенал во ремито од 2-2 против Сошо. Три дена подоцна, Хазард го постигна израмнувачкиот погодок во ремито 1-1 против Бордо. Во неговиот втор настап во Лигата на Шампиони, тој му асистираше на Муса Соу, во единствениот гол на Лил во ремито од 1-1 против турската екипа Трабзонспор. Откако поминаа над два месеца без да постигне гол, на 3-ти Декемвридекември Хазард влезе во игра како резерва и го постигна победоносниот гол против Ајачио од пенал, пенал кој беше изведен во стилот на Антони Паненка. Два дена подоцна, Хазард беше меѓу неколкуте играчи номинирани за Тимот на годината на УЕФА, за календарската 2011 година. Потоа тој се пресели во екипата на Челзи за сума од 35 милиони фунти каде што беше најавено како најскапо засилување во Англија и најдобар трансфер на Челзи истата година. Тој засега има постигнато вкупно 13 гола и 11 асистенции за Челзи досега, што е импресивно за толку кратко време но не и импресивно за него бидејќи има многу натпревари до крајот на сезоната каде што Хазард може да ја покаже својата фудбалска вештина.
 
== Репрезентативна кариера ==
Ред 84:
 
Хазард има играно за различни млади репрезентации на Белгија, како селекциите до 17 години и до 19 години. Со репрезентацијата до 17 години, Хазард беше стандарден во тимот и забележа 17 настапи и постигна четири гола. Тој играше со репрезентацијата на Тото Купот, годишен младински репрезентативен турнир кои се одржа во Австрија, и исто така играше на Европското првенство за играчи до 17 години, чиј што домаќин беше Белгија во 2007 година. На првенството, Хазард го постигна својот прв погодок од пенал во ремито од 2-2 против Холандија во првиот натпревар на првенството. Во текот на првенството, Хазард ги импресионираше медиумите и тренерите, со што поттикна многу во Белгија да го споредуваат со белгиската фудбалска легенда Енцо Скифо. Белгија загуби од Шпанија со 7-6 на пенали и беше елиминирана во полуфиналето на првенството. Белгија беше на неколку минути до победа, благодарение на автоголот на Давид Рокела за кои Хазард бепе делумно заслужен, но, сепак напаѓачот на Барселона, Бојан Кркиќ, го израмни резултатот и го одведе натпреварот во продолженија. Бидејќи се пласираа на третото место на првенството, Белгија се пласираше на Светското првенство за играчи до 17 години кое се одржа во Јужна Кореја. Хазард беше избран во тимот и играше на сите три натпревари во групата, во која Белгија беше елиминирана.
Хазард го надмина со години тимот на Белгија до 18 години, и почна да добива повици за настап од тимот до 19 години во Октомври 2007 година. Тој за првпат настапи како резерва на натпреварот против Романија во победата од 4-0 во квалификациите за Европското првенство за играчи до 19 години во 2008 година. Тој потоа играше на следните два натпревари во групата против Исланд и Англија. Белгија ги загуби двата натпревара. Негативните резултати ја елиминираа репрезентацијата од натпреварувањето. Заради тоа што беше малолетен играч претходната година, Хазард имаше право на настап во тимот до 19 години за сезоната 2008-09. Заради се почестите настапи во првиот тим на Лил, на Хазард од неговиот клуб му беше дозволено да учествува единствено во квалификациите за Европското првенство за играчи до 19 години во 2009, и како резултат на тоа, тој го пропушти Милк Купот во 2008 година, кој се одржа за време на подготовките на Лил за новата сезона. На 7-ми Октомвриоктомври, тој го постигна својот прв гол за репрезентацијата до 19 години, во победата од 5-0 над Естонија. Три дена подоцна, тој беше двоен стрелец во ремито од 2-2 против Хрватска. Во втората квалификациска рунда, Хазард беше предводник на тимот со три погодоци. На првиот натпревар во квалификациите против Република Ирска, тој го постигна единствениот гол. На следниот натпревар, Хазард беше клучен во демолирањето на Шведска со 5-0, постигнувајќи гол и асистирајќи на уште два гола. Во последниот натпревар тие се соочија со Швајцарија. На Белгија и беше потребна победа за сигурен пласман на Европското првенство за играчи до 19 години, но сепак тие беа елиминирани во квалификациите по нерешениот резултат 1-1 против Швајцарија, и покрај тоа што Хазард го отвори резултатот во 21-та минута за Белгија.
 
=== Сениорска репрезентација ===
 
Иако Хазард сеуште може да ја претставува Белгија на младинско ниво, на 18-ти Ноемвриноември 2008 година, тој беше повикан за првпат во сениорскиот тим на Белгија од селекторот Рене Вандерејкен за натпреварот против Луксембург. Тој го направи долго очекуваното деби, откако влезе во игра како замена за Весли Сонк во 67-та минута. Со своето деби, Хазард стана осмиот најмлад играч во историјата на белгискиот фудбал, кој со 17 години и 316 дена играл за националниот состав. На 12-ти Августавгуст 2009 година, по три последователни настапи како резерва за репрезентацијата, тој за првпат беше во почетниот состав под водство на селекторот Франки Веркаутерен во поразот од 3-1 на пријателскиот натпревар со Чешка. По оставката на Веркаутерен, тој беше заменет од Дик Адвокат. Под водство на Адвокат, Хазард стана првотимец со составот и на 14-ти Ноемвриноември 2009 одигра цел натпревар за првпат во неговата репрезентативна кариера. Во натпреварот кој се одигра против Унгарија, Хазард асистираше на двата погодока во победата од 3-0.
 
Адвокат беше заменет на селекторската функција со Жорж Ликенс на 10-ти Мајмај 2010 година. Откако беше стартер на првите три натпревари под водство на Ликенс, Хазард почна да настапува како резерва за Белгија во текот на сезоната 2010-11. Ликенс го оправда префрлувањето на клупата на Хазард посочувајќи ги настапите на играчот во првенството, кои беа разочарувачки во тој период, а исто така призна дека Хазард покажува недостаток на желба на тренинзите со репрезентацијата и често ги запоставува дефанзивните задолженија за време на репрезентативните натпревари. Откако настапи како резерва на два натпревари по ред, Хазард се врати во почетниот состав на пријателскиот натпревар против Русија во Ноември 2010. На натпреварот кој го доби Белгија со 2-0, Хазард беше асистент на првиот погодок на Ромел Лукаку. Откако настапи како стартер на натпреварот со Финска во Февруари 2011 кој заврши нерешено 1-1, Хазард беше префрлен повторно на клупата за важните квалификациски натпревари во Март за Европското првенство 2012, бидејќи Ликенс се одлучи за Насер Чадли и Муса Дембеле на крилните позиции. На квалификацискиот натпревар против Азербејџан на 29-ти Мартмарт, тој настапи како замена во второто полувреме и беше асистент на последниот гол за тимот во победата од 4-1. По натпреварите, француските медиуми започнаа да прашуваат зошто Хазард се бори да биде ценет во неговата родна земја, додека во исто време е возвишуван во Франција. Марк Вилмоц, помошник-тренерот во националниот тим одговори на извештаите во медиумите, за кои што наведува: “ Некои луѓе ги гледаат само квалитетите на Еден” и дека “ францускиот печат понекогаш е заслепен од неговите моменти на магија.
 
Во следниот натпревар за Белгија против Турција на 3-ти Јунијуни 2011, Хазард го започна натпреварот, но беше заменет по 60 минути. Разочаран од својот настап и замената, играчот од средниот ред замина во соблекувалната и подоцна беше забележан на телевизија надвор од стадионот со своето семејство како јаде хамбургер, додека натпреварот сеуште беше во тек. По настанот, кој стана познат како “ Бургергејт “ во Белгија, Хазард се извини за дезертерството, додека Ликенс ја препиша одговорноста за заменувањето на клупа на Хазард со “ грешката која ја направил младиот играч “. На 4-ти Августавгуст, Ликенс најави дека против Хазард ќе биде покрената дисциплинска постапка за неговото однесување за време на натпреварот со Турција, и како резултат на тоа ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Словенија на 10-ти Августавгуст, како и возвратниот квалификациски натпревар против Азербејџан на 2-ри Септемврисептември и пријателската средба против САД четири дена подоцна. На 9-ти Августавгуст, менаџерската групација која го застапува Хазард издаде соопштение за белгиските медиуми. Одбраната детално ги објасни постапките на Хазард за време на натпреварот со Турција, и ја критикуваше суспензијата од три натпревари, а исто така изрази сомнеж за постојаните критики на Ликенс кон Хазард. На 25-ти Августавгуст, беше објавено дека Ликенс ја укинал суспензијата на Хазард, и подоцна играчот од средниот ред беше повикан да игра во тимот за натпреварите во Септември. Ликенс одлучи да ја укине суспензијата, откако имаше средба со Хазард, која беше организирана од менаџерот на играчот.
 
На 7-ми Октомвриоктомври, речиси три години по своето деби, Хазард го постигна својот прв гол во репрезентацијата против Казахстан, во победата од 4-1. Победата ја одведе Белгија на втората позиција во групата, во квалификациите за Европското првенство 2012, во која на Белгија и беше потребна победа против Германија на 11-ти Октомвриоктомври за да обезбеди место во баражот. На натпреварот против Германија, Хазард го одигра целиот натпревар, а Белгија не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство, откако загуби со 3-1 во Диселдорф.
 
== Стил на игра ==
Ред 224:
{{Состав на Белгија на Светското првенство 2014}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Азар, Еден}}
[[Категорија:Живи луѓе]]
[[Категорија:Белгиски фудбалери]]