YouTube: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 34:
Спрема статистичките истражувања од [[јуни]], [[2006]] година на YouTube дневно се прегледуваат по 100 милиони видеа, а во тек на 24 часа просечно се поставуваат по 65 000 нови видеа. Спрема истражувачките фирми ''Nielsen/NetRatings'' страницата ја посетуваат скоро 20 милиони корисници месечно од кои 44% жени и 56% мажи, на возраст од 12 до 17 години.
 
== '''Репродукција''' ==
 
За да се гледа видео од Youtube на компјутер, потребно е на пребарувачот да биде инсталиран сет од програмски компоненти на Adobe Flash Player. Сетот од програмски компоненти на Adobe Flash Player-от е еден од најчесто употребуваните програми кој е инсталиран на компјутерите и служи за гледање на 75 % од видео материјалите на [[семрежје]]то.
Во јануари 2010 година, Youtube активираше експериментална верзија на сајтот која користи вградени мултимедијални карактеристики на веб пребарувачите кои го поддржуваат стандардот HTML5. Ова овозможува гледање на видео материјали без инсталиран Adobe Flash Player или било кој друг програм. Сајтот Youtube има страница која овозможува пребарувачите кои го поддржуваат овој стандард да можат да го изберат HTML5 пребарувањето. Видео клиповите можат да се гледаат само на пребарувачи кои ги користат H.264 или WebM форматот и притоа не се достапни сите видео клипови на сајтот.
 
== '''Прикачување и споделување на видео материјали''' ==
 
Должината на видео материјалите кои имателите на кориснички сметки можат да ги прикачат на Youtube е ограничена на 15 минути. Во 2005 година, кога беше активирана страната Youtube, беше возможно да се прикачуваат видео материјали со поголема должина, но во март 2006 година е воведено ограничување на должината на видео материјалите на 10 минути, откако Youtube откри дека повеќето видео материјали кои ја надминуваат оваа должина, всушност се неовластено прикачени филмови и телевизиски емисии. Во јули 2010 година, ова ограничување на должината на материјалите беше зголемено на 15 минути. На корисничките сметки на партнерите на Youtube им е дозволено да прикачуваат материјали со поголема должина, само доколку бидат прифатени од компанијата Youtube. Големината на фајловите кои можат да се прикачуваат на страната на Youtube е ограничена на 2 гигабајти, а доколку се користи напредниот софтвер за прикачување на фајлови на Јава апликацијата, големината може да изнесува и до 20 гигабајти. Во декември 2010 година, Youtube соопшти дека на сопствениците на стандардни кориснички сметки ќе им биде дозволено да прикачуваат видео материјали со неограничена должина, доколку тие постапуваат според правилата на сајтот и ги почитуваат авторските права. Youtube прифаќа видеата да бидат прикачени во повеќе содржински формати, вклучувајки ги AVI, .MKV, .MOV, .MP4, DivX, .FLV и .ogg и .ogv. Тука спаѓаат и MPEG-4, MPEG, VOB и .WMV. Исто така, е поддржан и форматот 3GP, што овозможува да се прикачуваат и видео материјали од мобилни телефони. Можно е прикачување на видео материјали и со техниките progressive scanning или interlaced scanning, но за подобар квалитет на материјалите Youtube препорачува тие да се преобразуваат во друг формат пред прикачувањето. Сите формати на видео материјалите кои се наоѓаат на Youtube ја користат техниката наречена progressive scanning.
 
== '''Квалитет и кодеци''' ==
 
Youtube првично нудеше видео материјали со само едно ниво на квалитет кои беа прикажани со резолуција од 320x240 пиксели и го користеа Соренсон Спарк кодекот (Sorenson Spark codec), со моно мп3 формат. Во јуни 2007 година Youtube овозможи опција за гледање видео материјали во 3GP формат, на мобилни телефони. Во март 2008 година е додадена опција за гледање високо квалитетни видеа, што ја зголеми резолуцијата на 480x360 пиксели. Во ноември 2008 година е додадена HD поддршка за 720 пиксели , па резолуцијата на плеерот на Youtube беше променета од 4:3 во резолуција за широк екран од 16:9. Со оваа нова карактеристика, Youtube почна да го користи H.264/MPEG-4 AVC како стандарден формат за компресирање на видео материјали. Во ноември 2008 година беше додадена поддршка за HD ( висок квалитет) со 1.080 пиксели. Во јули 2010 година Youtube соопшти дека пуштил во употреба видео материјали во формат 4к , што овозможува гледање на видео материјали со резолуција од 4096x3072 пиксели.
Видеата на Youtube се достапни во повеќе нивоа на квалитет. Поранешните имиња на стандардите за квалитет на видеата ( HD, HQ и SQ) се заменети со нумерички вредности кои ја означуваат вертикалната резолуција на видеото. Стандардно, видеото е кодирано во формат H.264/MPEG-4 AVC, и во стерео AAC аудио формат.
 
== '''3Д видеа''' ==
 
Во видео објавено на 21 јули 2009, година програмскиот инженер на компанијата Youtube објави дека корисниците сега можат да прикачуваат видео материјали со 3Д слика. Посетителите можат да ги гледаат овие видеа на повеќе начини, меѓу кои спаѓа и методот anaglyph (заедничко користење на цијан/црвените леќи), со помош на кои гледачот може да ги гледа ефектите во 3 димензии.
 
== '''Пристапност до содржините''' ==
 
Една од клучните карактеристики на Youtube е тоа што посетителите можат да гледаат видео содржини поставени на Youtube, а се наоѓаат на други веб-страни. Секое видео содржи дел од HTML адреса, кој овозможува истиот видео материјал да може да се постави на веб-страници надвор од Youtube. Оваа можност се користи за поставување на видеа на страници како што се социјалните мрежи и блогови. Сопственикот на видеото може да го оневозможи неговото поставување и оценување, како и коментирањето на тоа видео.
Ред 58:
 
 
== '''Платформи''' ==
 
Некои ,,паметни телефони,, (smartphones) имаат опција за за пристап до видеата на Youtube, во зависност од операторот и типот на податоци. Во јуни 2007 година, стартуваше Youtube Mobile- програма за мобилни телефони, која користи RTSP проток на информации. Сепак, не сите видеа се достапни за корисниците на верзијата на Youtube за мобилни телефони.
Од јуни 2007 година, видеата на Youtube може да се гледааат на различни производи на компанијата Епл (Apple). За таа цел, видеата на Youtube требаше да бидат префрлени во резолуцијата H.264 според стандардите на Епл, а тој процес траеше неколку месеци. Youtube видеата може да се гледаат на апарати како што се Apple TV, iPod Touch и iPhone. Ажурирањето на услугата TiVo во јули 2008 година овозможува на овие платформи да се гледаат и пребаруваат видеа. Youtube стартуваше со ,, Youtube for TV“ верзија на сајтот, која е наменета за играчки конзоли и други апарати кои се поврзуваат со тв-приемник и која овозможува гледање на видеата преку конзоли како Playstation3 и Wii. Во јуни беше воведен Youtube XL, кој всушност е поедноставна верзија наменета за гледање видеа на стандарден телевизиски екран.
 
== '''Локализирање и ограничување''' ==
 
На 19 јуни 2007 година, извршниот директор на компанијата Гугл во Париз го стартуваше новиот систем за локализација. Интерфејсот на веб-страната е достапен во 31 земја во локални верзии, а една верзија е наменета за целиот свет
Ред 71:
Во март 2009 година, спорот меѓу Youtube и британската кралска агенција за авторски права доведе до блокирање на оригиналните музички спотови за корисниците во Велика Британија. Исто така, отстранети беа видеа на големите издавачки куќи, откако Youtube не успеа да постигне договор за авторските права. Спорот беше решен во септември 2009 година. Во април 2009 година, сличен таков спор доведе до блокирање на оригиналните музички спотови за корисниците во Германија.
 
== '''Цензура''' ==
 
Неколку држави го имаат блокирано пристапот кон страната Youtube. Во нив спаѓаат :
Ред 85:
-,,Entertainment Weekly,, ја стави страната Youtube на листата на најдобри на деценијата притоа соопштувајќи дека Youtube ,,од 2005 година наваму „обезбедува место за мачки кои свират на пијано, шегите на јавните личности, како и на фанатични уметници на усната синхронизација“.
 
== '''Општествено влијание''' ==
 
Најгледано видео на страната Youtube, кое е снимено од корисници е ,,Чарли повторно ме касна,,.
Ред 92:
,,Чарли повторно ме касна,, , видеото кое беше прикачено на 22 мај, 2007 година е ,,заразно,, видео со најмногу прегледи во споредба со другите видеа на корисниците, бидејќи е посетено над 300 милиони пати. На видео клипот се прикажани двајца браќа од Англија, каде едногодишниот Чарли го гризнува прстот на неговиот тригодишен брат Хари. На листата на ,,најзаразни,, видео клипови на Youtube, на прво место се наоѓа клипот со наслов ,,Чарли повторно ме касна,,.
 
== '''Критики''' ==
 
=== '''Материјал заштитен со авторски права''' ===
 
Youtube е постојано критикуван бидејки многу од поставените видео клипови не се во согласност со законот за авторски права. Кога сакаат да објават видео клип, на корисниците на Youtube им се појавува предупредување: ,,Не објавувајте телевизиски емисии, музички спотови, снимки од концерти или реклами, доколку не поседувате авторски права за нив, или не се состојат од содржини целосно создадени од ваша страна,,. И покрај тоа на Youtube се уште неовластено се објавуваат видео клипови кои се подложни на авторски права. Youtube не ги прегледува видео клиповите кои се објавуваат на семрежјето, па во согласност со законите на Digital Millenium Copyright, сопствениците на авторски права се должни да упатат опомена до Youtube да биде отстранет клипот од семрежјето.
Ред 100:
Во август 2008 година, американскиот суд одлучи дека сопствениците на авторски права не можат да наредат отстранување на датотеките од семрежјето, без претходно да биде утврдено дали објавувањето ја надминува политиката на фер употреба на материјалот. Во случајот беше вклучена и Стефани Ленц од Пенсилванија, која снимила видео на кое е прикажан нејзиниот 13 месечен син, како танцува на песната на Prince, Let’s go Crazy.
 
=== '''Приватност''' ===
 
Во јули 2008 година, компанијата Viacom ја доби судската одлука со која и се наложува на компанијата Youtube да ги предаде податоците на сите корисници кои гледале видео материјали на страната. Овој потег предизвика загриженост, бидејки со помош на комбинација од IP адресите и корисничките имиња можат да бидат откриени содржините кои корисниците ги гледаат. Оваа одлука беше критикувана од страна на фондацијата Electronic Frontier, која ја окарактеризира судската одлука како ,,нарушување на правото на приватност,,. Судот ги отфрли приговорите за нарушување на правото на приватност како шпекулативни и му наложи на Youtube, да ги предаде податоците со големина од 12 терабајти. Сепак, судијата го отфрли барањето на компанијата Viacom , Youtube да го предаде изворниот код на неговиот пребарувач, велејки дека тоа е деловна тајна.
 
=== '''Контроверзни содржини''' ===
 
Youtube се соочува и со критики во врска со навредливите содржини во некои видео материјали. Објавувањето на видеа кои содржат навреди, порнографски материјали, или содржини кои поттикнуваат криминално однесување е забрането во условите под кои може да се користи користење на Youtube. Во полемичните области спаѓааат и одрекувањето на холокаустот и катастрофата која се случи на стадионот Hillsborough, каде во 1989 година загинаа 96 фанови на Ливерпул.
Ред 111:
Во октомври 2010 година, американскиот конгресмен Ентони Вајнер го повика Youtube да ги симне видео клиповите од имамот Анвар ал Авлаки, кој е поврзан со терористички напади низ Америка, велејки дека со такви видео пораки се потпомага домашниот тероризам. Британскиот министер за безбедност рекол ,,ваквите веб-страници треба да бидат забранети во Велика Британија. Тие поттикнуваат ладнокрвни убиства и како такви се против доброто на јавноста“. Во ноември 2010 година, од Youtube беа отстранети стотици видеа во кои имамот Анвар ал Авлаки повикува на џихад. Компанијата Youtube тврди дека отстранила видео клипови кои ги прекршуваат забраните на страната за објавување содржини кои се нелегални и опасни - како на пример правење на експлозиви, поттикнување на насилство и говор на омраза, или пак се поставени од кориснички профили кои се регистрирани на имиња на странски терористички организации. Во декември 2010 година, кон листата на содржини кои корисниците можат да ги означат како несоодветни, компанијата Youtube ги додаде и содржините кои поттикнуваат тероризам.
 
=== '''Коментари на корисници''' ===
 
Повеќето видеа им овозможуваат на корисниците да оставаат коментари, кои поради нивната форма и содржина повлекуваат погледи од негативен аспект. Кога во 2006 година, списанието Тајмс го пофали воведувањето на веб-страната 2.0 бидејки овозможува комуницирање и соработка, каква што досега не е видена, и додаде дека ,,Youtube ги впрегнува глупавоста и мудроста на народот.,, Некои од коментарите на Youtube прават да се расплачете само поради лошиот правоспис, така што не е потребно да ги земете в предвид вулгарноста и чистата омраза. Во 2009 година ,весникот Guardian ги опиша коментарите на корисниците на следниов начин:
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/YouTube