Зимски сон (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
→‎Содржина: ситна поправка
Ред 5:
Дејството на филмот се случува во познатата област [[Кападокија]], во [[Турција]], каде во едно мало гратче, Ајдин (го глуми Билгинер), поранешен [[театар]]ски актер, води мал семеен [[хотел]]. Тој живее заедно со неговата млада сопруга Нихал (ја игра Сезен) и со сестрата Неџла (ја игра Акбаг), која пати поради неодамнешниот развод. Ајдин има голем имот наследен од татко му, така што издава една куќа под кирија, но сиромашните луѓе кои живеат во неа не можат да ја платат киријата. Нихал, пак, собира донации за уредување на селските училишта.
 
Навидум сложниот зеднички [[живот]] меѓу Ајдин, Нихал и Неџла не е толку идиличен како што изгледа. Во еден разговор, Неџла Иѝ кажува на Нихал дека не може да ја поднесе, а потоа, таа се расправа и со Ајдин, обвинувајќи го дека е себичен. Всушност, нивниот живот е празен, без чувства и без рабирање за луѓето. Кога Нихал организира забава со донаторите, настапува судир меѓу неа и Ајдин. Поради тоа, тој сака да замине во [[Истанбул]], но наместо таму, оди на имотот на својот најдобар пријател, каде што тие цела вечер се опиваат и разговараат, а утредента, одат на [[лов]]. Во меѓувреме, Нихал ги посетува кираџиите на Ајдин и им дава голема сума [[пари]] за да ги платат долговите, но едниот од нив ги фрла парите в [[оган]], кажувајќи Иѝ дека не може да ја купи нивната гордост. Кога Ајдин се враќа дома, сфаќа дека премногу ја сака Нихал и дека не може да живее без неа, иако знае дека таа не го сака повеќе.<ref>МКЦ, ''Пази се! Доаѓа Cinedays 13. 13-22 Ное.'', Скопје, 2014, стр. 51.</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}