496
уредувања
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
'''Ана-Луиза Жермена, баронеса де Стал-Холштајн''' ({{lang-fr|Anne-Louise Germaine baronne de Staël-Holstein}}), позната како '''Мадам де Стал''' ({{lang-fr|Madame de Staël}}; {{роден на|22|април|1766}} - {{починал на|14|јули|1817}}) — истакната [[Франција|француска]] [[писател]]ка, ќерка на видниот книжевник [[Жак Некер]]. Во [[1810]] година ја напиша книгата - манифест „''За Германија''“, која [[Наполеон]] ја забранил, затоа што авторот се восхитува на германската [[философија]] и [[литература]]. Ја сметаат за основоположник на францускиот [[романтизам]]. Таа е политичар со напредни идеи, пистаелка и теоретичарка на книжевноста, претставува интересна и за периодот во кој живеела доста либерална и конфликтна личност. Нејзините романи се надоврзување на предромантичарските романи. Романот на стравот и ужасот („црниот роман“), и сентименталните романи со клиширани љубовни заплети, мошне омилени кај најшироката читателска публика во тоа време. Нејзиниот бурен живот како да го навестува вкупниот сензибилитет на романтизмот и на [[XIX век]], „векот кој сакаше да се обраќа во прво лице“, како што велат критичарите за романтизмот. Како теоретичар на литературата („[[Есеј за измисленото]], [[Книжевноста по однос на институциите]] и [[За книжевноста]]“), таа се залага за [[роман]] кој своите ликови би ги довел во поцврста врска со стварноста, а нив би ги направил поуверливи одошто се во сентименталните, љубовни „лимонади“.<ref>Учебник по македонски јазик и литература за III година за реформираното гимназиско образование - стр.17</ref>
Во делото „[[За книжевноста]]“ таа jа споредува литературата на западните со литературата на источните народи и доаѓа до заклучок дека тие се разликуваат по вкус и дух. Со тоа и задава смртен удар на класицистичката теорија, која тврдеше дека литературата мора да им се покорува на едни исти закони, без разлика на емстото на настанувањето на делото. Во романите ([[Делфин и Корина]]), таа застапува први [[феминизам|феминистички]] гледишта, со што жестоко го критикува
== Наводи ==
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Стал, Ана де}}
[[Категорија:Француски писатели]]
[[Категорија:Личности од Француската револуција]]
[[Категорија:Француски философи]]
[[Категорија:Философи од 18 век]]
[[Категорија:Философи од 19 век]]
[[Категорија:Родени во 1766 година]]
[[Категорија:Починати во 1817 година]]
|