Интернет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 75:
Новости:
Во [[1996]] година започна да се создава една нова мрежа наречена [[internet2]] односно 200 универзитети формираа непрофитна организација (UCAID) The Unuversitis Corporation for Advanced Internet Development, и уште 20 најјаки ИТ компании во светот како: Microsoft, HP, IBM, Sun microsustem, Red Hat и многу други се поврзаа и направија супер брза мрежа наречена Аблине.
Сите овие фирми, универзитети и други државни установи денес се поврзани со internet2™, односно со врска брза 10 [[ГБ/с]], врска 150.000 пати побрза од денешната. Така на пример еден двд -[[филм]] од 4 [[ГБ]] може да се симне за 5 секунди.
Корисници на оваа мрежа можат да бидат само организации членки на интернет2 односно оние кои ќе придонесат за развој на оваа мрежа, а членство на физички лица не е дозволено. Партиципацијата чини 50.000 [[Долар|долари]] годишно.
 
==Употреба на интернетот во Македонија==
Според податоците на [[Завод за статистика (Македонија)|Заводот за статистика]], во првото тромесечје на [[2014]] година, од вкупното население во [[Македонија]] на возраст меѓу 15 и 74 години, 68,1% имале пристап до интернет од дома, во споредба со 60% во [[2012]] година. Со тоа, Македонија била многу блиска до просекот во [[Европска унија|Европската унија]], кој во 2013 година изнесувал 75%. Од корисниците на интернет, дури 99,1% имале широкопојасно поврзување (фиксно или мобилно). Набљудувано по одделни групи, интернет најмногу користеле студентите и учениците (96,3%), а 55,2% од корисниците на интернет употребиле мобилен или паметен [[телефон]] за да пристапат до интернет надвор од дома или од работното место. Во однос на намената, 79,8% од корисниците на интернет во Македонија го употребувале него за поврзување на [[Социјални мрежи|социјалните мрежи]], 67,8% за телефонирање и [[видео]]-повици, 67,3% за читање весници и списанија, а [[електронска пошта]] примале и испраќале 66,1% од корисниците на интернет. [[Интернет-банкарство]] користеле 12,5% од интернет-корисниците, а само 3-5% пишувале [[Блог|блогови]] на интернет.<ref>„Интернет користат 70 отсто од домаќинствата“, ''Дневник'', година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 8.</ref>
 
Притоа, периодот 2012-2014 година, бројот на корисниците на интернет во Македонија кои извршиле купување на стоки и услуги преку интернет се движел меѓу 5,4% и 15,2%, што е далеку под просекот во Европската унија, каде во [[2013]] година, дури 60% од корисниците на интернет купувале on-line. Инаку, според статистичките податоци, преку интернет, [[Македонци|Македонците]] најмногу купувале облека и спортска опрема (48,5%), електронска опрема (9,9%), резрвации за туристички патувања (9,6), производи за домаќинството (6,9%), резервации за хотелско сместување и одмор (6,7%), лекови (5,6%), софтвер (5,2%), филм и музика (4,3%) итн.<ref>„Интернет користат 70 отсто од домаќинствата“, ''Дневник'', година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 8.</ref>
 
== Поврзано ==