Свети Димитрија Солунски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Живот: ситна поправка, викификација
→‎Живот: дополнување
Ред 30:
Најстарите записи за животот на Св. Димитриј доаѓаат од [[9. век]], иако има слики за неговите чуда уште од [[7. век]].
 
Овој славен и чудотворен светител се родил во [[Солун]] од благородни и благочестиви родители. Измолен од [[Бог|Бога]] од бездетни родители, Димитриј бил син единец, така што бил воспитан со големо внимание. Татко му бил [[војвода]] солунски и кога умрел, Димитриј бил поставен за војвода, наместо неговиот татко. Кога го поставил за војвода, царот [[Максимијан]] особено му препорачал да ги гони и истребува [[Христијани|христијаните]] во Солун. Но, Димитриј не само што не го послушал царот туку напротив, јавно го проповедал христијанството во Солун. Кога слушнал за тоа, царот Максимијан многу се огорчил и еднаш, враќајќи се од [[војна]], дошол во Солун за да ја испита оваа работа. Тој го повикал војводата Димитриј и го испитувал за верата. Димитриј, јавно пред царот, признал дека е христијанин и го изобличил идолопоклонството на Максимијан. Разјарен, царот го фрлил Димитриј во [[затвор]].<ref>„Митровден ги собира најблиските дома“, Дневник, година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 28.</ref>
 
Знаејќи што го чека, Димитриј му го врачил сиот свој имот на својот верен ученик Луп за да го раздаде на сиромасите и отишол во затворот весел, зашто му претстоело страдање во името на Господ. Во затворот, нему му се јавил [[ангел]] и му рекол: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена, царот испратил војници во затворот за да го убијат Димитриј. Војниците го нашле Димитриј во молитва и го избодиле со копјата. Неговото тело тајно го презеле христијаните и чесно го погребале. Преданието вели дека од неговото тело потекло исцелително миро, со коешто многу болни се излечиле. Наскоро, над моштите на св. Димитриј била подигната малечка [[Црква (објект)|црква]]. Еднаш, некој [[Илири|илирски]] војник, Леонтиј, бил болен од неизлечлива болест, но со помош на моштите на Св. Димитриј и со молитва целосно оздравел. Од благодарност, тој му подигнал на Св. Димитриј многу поголема црква, а светителот му се јавил двапати.