Алкохолизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 92.55.119.95) и вратена ревизијата 2966454 на Вик Ретлхед
Ред 42:
Истражувањата покажуваат дека алкохолизмот се пренесува во семејствата – алкохоличарите имат 6 пати поголеми шанси од неалкохоличарите да имаат роднина во семејството кој е зависник од алкохол. Истражувачите долго време не знаеле дали овие проблеми се резултат на фамилијарно генетско наследство, или пак резултат на општата средина во семејството, која често вклучува родители-алкохоличари. Испитувањата врз близнаци се обидуваат да откријат дали алкохолната зависност се развива како резултат на генетички фактори, заеднички влијанија на средината, или пак комбинација на двете. Лабараториските истражувања ја споредуваат генетската структура кај луѓе кои се зависници од алкохол со оние кои немаат историја на лични или семејни проблеми со алкохол.
 
Иката ѕверот!
=== Причини од средината ===
Научниците тврдат дека проблемите поврзани со алкохолот се резултат на комплексна интеракција меѓу биолошките влијанија и факторите на средината. Факторите на средината кои можат да влијаат на развивањето на болеста се личното однесување, пријателските влијанија во раниот живот, однесувањето на родителите, социјални и културни мислења кон алкохолот, животен стрес и расположливоста со алкохолни пијалоци. Еднаш кога личноста ќе развие рутина за пиење, факторите на средината заедно со физичките промени здобиени како резултат на тешкото пиење можат да ја засилат постојаната употреба на алкохол.
 
=== Психолошки влијанија ===