Европска Унија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 37:
== Држави членки и проширување ==
===Преговори за членство во ЕУ===
Процесот на пристапување кон ЕУ бара секоја нова земја-членка да ги усвои бројните закони и прописи на ЕУ содржани во законодавството на ЕУ (''acquis communautaire''). Со критериумите за членство ([[Копенхаген|Копенхагенски]] критериуми од [[1993]] и [[Мадрид|Мадридски]] критериум од [[1995]]) што треба да ги исполнат земјите-кандидати, Европската унија поттикнува промена и прилагодување на законодавството, политиките и институциите во земјата-кандидат, со цел да се достигнат и да се заштитат вредностите и нормите кои ги има поставено ЕУ.
 
Критериумите за прием на нови земји во ЕУ, кои ги утврдил [[Европски совет|Европскиот совет]] на самитот во Копенхаген во [[јуни]] 1993 година, се однесуваат на политичките и економските услови што ги налага Договорот за функционирање на ЕУ (Член 49 и принципите наведени во член 6(1) од Консолидираната верзија на Договорот за функционирање на ЕУ (OJ. EU C83/102, 30.03.2010), како и на обврската за транспонирање на европското во националното право на земјата за да може таа да ги преземе обврските што произлегуваат од членството. Овие критериуми што земјата со кандидатски статус треба да ги исполни за време на пристапните преговори за прием во ЕУ, се познати уште и како „Копенхагенски критериуми“, поради самитот каде што за првпат се утврдени. Напредокот на земјата-кандидат во исполнувањето на критериумите за прием го следи Европската комисија, за што доставува годишен извештај до Советот.
Ред 56:
 
По завршувањето на преговорите, се определува датум на кој земјата станува полноправна членка на ЕУ. Со зачленувањето во ЕУ, централната банка по автоматизам станува дел од [[Европски систем на централни банки|Европскиот систем на централни банки]] (ЕСЦБ). Влегувањето во третата фаза на [[ЕМУ]], односно воведувањето на [[Евро|еврото]], е задолжително и за тоа не постојат можности за opt-out како во случаите на [[Велика Британија]], [[Данска]] и [[Шведска]]. Сепак, според европското законодавство не е дефиниран временски рок за влез на земјата во третата фаза од ЕМУ, па така новите земји може влезот во еврозоната да го одлагаат по нивен избор. Влезот во ЕМУ е условен со исполнување на критериумите за конвергенција (односно критериумите од [[Мастрихт]]) од страна на одделната земја.
 
====Преговори на Македонија за членство во ЕУ====
Во [[декември]] [[2005]] година, Европскиот совет ѝ доделил на [[Република Македонија|Македонија]] кандидатски статус. Во [[октомври]] [[2009]] година, Европската комисија дала препорака за започнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Оваа препорака била повторена во [[2010]], [[2011]], [[2012]], [[2013]] и во [[2014]] година. По стекнувањето на статусот земја-кандидат, Македонија воспоставила институционална рамка и ги дефинирала стратешките национални процеси поврзани со процесот на пристапување во ЕУ. Се воспоставиле три стратешки процеси со кои било опфатено усогласувањето на националното законодавство и политики со соодветното европско законодавство и политики, како и динамиката на јакнење на административните капацитети:
* Националната програма за усвојување на европското законодавство (НПАА);
* Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА); и
* Претпристапната економска програма (ПЕП).
 
Од [[2006]] година, секоја година се подготвуваат Претпристапните економски програми (ПЕП) на Македонија, кои го покриваат идниот тригодишен период. Во овие програми се прикажуваат среднорочното макроекономско и фискално сценарио и се образложуваат проекциите и очекувањата за движењата во разни сфери на економијата за следниот тригодишен период.
 
=== Критериуми за влез во ЕМУ и воведување на еврото===