Македонска револуционерна организација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Име: дополнување
Ред 110:
Акад. [[Иван Катарџиев]] смета дека: '''"Постоечките документи говорат дека таа била наречена „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“. Оваа име Организацијата го добила на својот прв Конгрес одржан во летото (15 август 1894) во Ресен... Меѓутоа, согледувајќи ја целата несоодветност на ова име со македонските услови и битие, на конгресот 1896 г. во Солун било решено името на Организацијата да се промени. Таа била наречена „Тајна македоно-одринска револуционерна организација (ТМОРО).“"'' Некои бугарски научници, како [[Константин Пандев]] сметаат, дека првото уставно име на организациjата од 1894 година било Македонски револуционерни комитети, а во 1896 година на Солунскиот конгрес таа го добила името Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети. Пандев тврди дека ова име е сменето на ТМОРО дури во 1902 г. Овие тврдења се поддржуваат од спомените на [[Пејо Јаворов]].<ref>Тој тврди во биографијата на Гоце Делчев, дека уставот од 1896 година бил еднонационален и ги приклучвал само егзархистите Бугари: "Тоа собир (од 1896 година) утврждава еден устав на револуционерната организацијa, копијa на стариот бугарски устав, тврде оригинален со положбата, дека само егзархисти Бугари се приемат за членови на комитетите."</ref> Истите ставови на Пандев се поддржуваат и од известувањето на српскиот генерален конзул во Битола, Михаил Ристиќ до српскиот министер за надворешни работи С. Лозаниќ од 1903 г.<ref>Ристиќ му придодава на Лозаниќ документ во превод, кој го назначува како нов Статут на Револуционерната организација. Овој документ го носи насловот: "Статут на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација" и во секој поглед е идентичен со документот објавен 1902 г. според Пандев, како и со Статутот, кој според мислењето на Катарџиев бил составен уште во 1897 г. "До пре више од годину дана [тоа е до крајот на 1901 г., или до почетокот на 1902 г.] рад комитета имао ја чисто бугарско обележје, они су носили бугарску заставу ослобођења, они су својих присталица налазили само у онима који су пригрлили бугарску народну идеју. Наших [т.е. србоманите] и гркомана су се туђили па чак и пробојавали те се од њих морали осигуравати разним претњама. У последње време [т.е. при крајот на 1902 г.] они су понели стег ослобођења хришћана уопште и на мах се стали обраћати за помоћ и сарадњу свима хришћанима ма које народносне боје оне били." (БАН, Освободителната борба на българите в Македония и Одринско 1902/1904 - дипломатически документи, София 1978. 76)</Ref>
 
Од друга страна Битовски пишува: "И денес, доколку на кој и да е бугарски историчар му се испрати фотокопија на Уставот на ТМОРО од Британскиот архив (Уставот бил испратен во Лондон во 1898 г.), од која се гледа дека тој точно го определува името на Организацијата (ТМОРО) од 1897 г. тоj тоа ќе го смета како провокација“. Овие ставови на Битовски се поддржуваат од спомените на [[Илија Докторов]].<ref>''"Во почетокот организацијата беше националистичка. Во нејзините редовите се примаа само Бугари со докажана чесност. Оваа ситуација беше до 1896 година кога во првите денови на м. Август во гр. Солун се оддржа еден вид конгрес."'' „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов и Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, ISBN 9549514560, 2005 г., стр. 48.</ref> Меѓутоа општа согласност во бугарската историска наука со датирањето на Пандев нема. Сепак, нема спор меѓу историчарите дека во 1905 година, името ТМОРО било променето во ''"Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација"'' (ВМОРО).
 
== Цел ==