Катерина Арагонска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 66:
Во 1525 година Хенри се заитересирал за [[Ана Болејн]], придружничка на кралицата Катерина, која била околу 10 или 17 години помлада од Хенри (не се знае нејзината точна дата на раѓање). Во тој период, Катерина не можела повеќе да раѓа деца. Хенри започнал да верува дека неговиот брак е проколнат и барал утеха во [[Библија|Библијата]].<ref>Scarisbrick, p.154.</ref> Тој протолкувал дека во Библијата е напишано дека доколку некој се ожени со вдовицата на својот брат тогаш никогаш нема да имаат деца. Иако нејзиниот брак со Артур не бил конзумиран (Катерина тврдела до крајот на својот живот дека се омажила за Хенри како девица), грубото толкување на тој дел од Библијата значело дека нивниот брак бил погрешен во очите на Бога. Прашањето дали папата во времето на свадбата меѓу Хенри и Кетрин имал право да го отфрли тој пасус, ќе стане главната причина за барање поништување на бракот пред новиот папа. Можно е идејата за поништување да му била предложена на Хенри многу порано и веројатно го сакал тоа поништување поради големата желба за син. Пред престолот да биде наследен од таткото на Хенри, Хенри VII, во Англија беснееле војни за превласт на тронот и можеби поради оваа причина, Хенри сакал да избегне слична несигурност со наследувањето на круната.
 
Наскоро, единствената желба на Хенри станала добивање на тоа поништување. Кога ѝ предложиле на Кетрин да се повлече во манастир таа одговрила дека „...Господ никогаш не ме повика во манастир, јас сум вистинската сопруга на кралот“. Хенри поднел молба до Светиот трон, независно од кардиналот [[Томас ВолсиВулзи]], кој не го ни известил за своите планови. [[Вилијам Најт]], секретарот на кралот, бил испратен кај [[папа Климент VII]] да бара поништување, бидејќи наводно одобрението од [[папа Јулиј II]] било добиено со измама.
 
Најт не можел лесно да стигне до папата бидејќи по ограбувањето на [[Рим]] во [[мај]] 1527 година, тој станал затвореник на внукот на Катерина, императорот [[Карло V]]. На крајот морал да се врати назад без некој позначаен напредок. Хенри немал многу избор. Морал да ја остави оваа работа во рацете на ВолсиВулзи, кој направил се што може за да ја реши ситуацијата во полза на Хенри. ВолсиВулзи дури и повикал црковен суд во Англија, со специјален делегат пратен од папата. Во претставата на [[Шекспир]], ''''Хенри Осми'''', опишано е како Кетрин се поклонува пред Хенри, го објаснува својот случај со непоборлива елоквенција и потоа си заминува од судницата, како еден пример за извонредна жена. Папата немал намера да дозволи случајот да се разреши во Англија, па така го повикал назад својот делагат. (Колку папата бил по влијание на имераторот, внукот на Кетрин, не се знае, но било јасно дека тој нема да дозволи поништување на бракот). Папата му забранил на Хенри повторно да се ожени сè додека не се донесе одлука во Рим. Во [[1529]] год. ВолсиВулзи не успеал во својата работа па поради тоа бил отстранет од должност. Тогаш, ВолсиВулзи започнал да работи на план за заговор за да ја протера Ана Болејн од земјата, па дури и почнал да се договара со самиот [[папа]]. Кога Хенри дознал за измамата, го уапсил и доколку не умрел од болест во 1530год. тој би бил погубен поради предавство. Една година подоцна, кралицата Кетрин била протерана од дворецот, а нејзините соби им биле доделени на Ана. Кога архиепископот од Кантербури, [[Вилијам Вархам]] починал, капланот на фамилијата Болејн, [[Томас Кранмер]] го зазел неговото место.
 
Кога Хенри одлучил да го поништи бракот со Кетрин, [[Џон Фишер]] станал нејзин доверител и еден од нејзините најголеми подржувачи. Тој се појавил во судот во нејзино име, каде ги шокирал присутните со својата директност и со изјавата дека исто како [[свети Јован Крстител]] и тој е подготвен да умре во име на веродостојноста на бракот. Хенри бил толку лут што напишал едно долго писмо до пратениците како одговор на изјавата на Фишер. Копијата на Фишер сѐ уште постои, со некои негови прибелешки од страна, со што се покажува дека не се плашел од Хенри. Иако на крајот Фишер бил тргнат од случајот, Хенри никогаш не му простил. Други луѓе кои ја подржувале Кетрин биле: [[Томас Мор]], [[Мери Тјудор]] (сестрата на Хенри), кралицата на Франција, [[Мариа де Салинас]], [[Чарлс V од Германија]], [[папа Павле III]], и протестанските реформатори: [[Мартин Лутер]] и [[Вилијам Тиндал]].
Ред 86:
== Наследство, спомен и историја ==
 
За време на владеењето на нејзината ќерка [[Мери I од Англија]], бракот меѓу неа и Хенри бил признаен за законски. Исто така, Мери наредила да се насликат неколку портрети од мајка ѝ. Драмата на [[Шекспир]] не вклучува значајни елементи за триаголникот Кетрин – Хенри – Ана. Во неа, Ана и Хенри се прикажани како наивни и невини за несреќата на Кетрин (мора да се има предвид дека драмата е пишувана за [[Елизабета I]], ќерката на Ана и Хенри, па морал да ја напиши на начин кој нема да биде навредувачки), а кардиналот ВолсиВулзи како главниот виновник за разводот, извртувајќи ја историјата за да изгледа како Ана да ја заменила Кетрин по нејзината смрт, а не порано. Приказната запира пред погубувањето на Ана. Претставата воопшто не го прикажува Хенри Тјудор како зол човек, што е една голема лага.
 
Нејзиниот гроб во катедралата Петербороу е до ден денес декориран со цвеќиња или калинки, нејзиниот хералдички симбол. На него пишува: ''Кетрин, кралица на Англија''. Во чест на Кетрин, [[Петербороу]] е збратимен со [[Алкала де Хенарес]], нејзиното родно место. Децата од училиштата во двата града, учат за меѓусебната историја, а уметници од Алкала де Хенарес одат до гробот на Кетрин за да го насликаат.
Ред 99:
 
Во текот на годините, многубројни уметници и книжевни работници твореле, пишувале и ја споменувале Кетрин во своите дела. Дури и нејзиниот сопруг Хенри VIII пишувал за неа, а [[Хуан Луис Вивес]] ѝ ја посветил ,,''Образованието на христијанските жени''”.
Кетрин од Арагон била играна и на филм, драми, книги, телевизија итн. па поради тоа е запаметена и ден денес. Досега немало филм или телевизиска серија во која таа е главна улога, иако има исклучок во првата епизода од ''''Шесте сопруги на Хенри VIII'''', приказна раскажана од нејзина гледна точка. Во нејзина улога се појави [[Анет Крозби]]. Исто така, има многубројни романи, песни, поеми напишани за неа. Претставата на Шекспир, ''Хенри VIII'', многу добро ја прикажува Кетрин, како и нејзината изјава на суд за валидноста на својот брак. Меѓутоа, остатокот од претставата е обид за ослободување од вина за мнозинството, особено за Хенри VIII (тој е прикажан како невин пион на кардиналот ВолсиВулзи, и претставата запира пред погувањето на Ана Болејн), а исто така, важни настани се или изменети или избегнати.
 
Иако на филм Кетрин е портретирана како типична Шпанка, со темна коса и очи и маслинест тен, сепак, постоечките портрети и современите описи ја опишуваат како жена со сини очи, блед тен и црвенкаста коса, карактеристични црти за луѓето од Арагон, земјата на нејзиниот татко. Често ја играат со шпански акцент. Според доказите, тоа е точно бидејќи никогаш целосно не го совладала англискиот јазик. Покрај тоа, таа имала и англиско потекло, преку нејзините предци, Кетрин од Ланчестер и Филипа од Ланчестер, ќерки на Џон од Гент, првиот војвода од Ланчестер.