Студитски манастир: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
Што се однесува до интелектуалниот живот на манастирот, посебно е славен по својата познатата школа за [[калиграфија]], која била основана од страна на Теодор. Во [[8 век]] и [[11 век]], манастирот бил центар на византиската религиозна поезија. Голем број на песни се уште се користат во Православната црква.
 
Во [[1204]], манастирот бил уништен од крстоносците и не бил целосно обновен до [[1290]], од страна на Константин Палеолог, кога биле изградени ѕидините околу манастирот и нов покрив. Поголемиот дел од манастирот повторно бил уништен кога [[Османлии]]те го освоиле [[Константинопол]] во [[1453]] година. Тој бил претворен во [[џамија]] од страна на албанецот Елјаш Бег и го добил името ''Имрахор џамија'' во времето на [[БајзидБајазит II]] во [[1486]] година.
 
== Манастирот денес==
 
Денеска постои само еден мал дел од катедралната црква, и се смета дека е најстарата во градот. За целосното рушење на објектот придонеле и пожарите од 1782 и 1920 година, како и земјотресот од 1894 година. Рушевините на манастирот биле користени за изградба на згради по земјотресот од 1920 година.
 
По завршувањето на реставрацијата, која треба да заврши во 2014 година, комплексот треба да биде претворен во џамија.
 
Кон почетокот на 2013 година, од страна на Владата на Турција било земено решение објектот повторно да биде изграден како џамија. Пред оваа одлука, комплексот бил под Министерството за култура и на музејот Света Софија, но по оваа решение бил ставен во надлежност на дирекцијата за управување на вакуфите (имот предаден од државата за религиозни цели).