Студитски манастир: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
 
Во [[465]] година во манастирот се населиле дел од акимитите (т.е. монаси кои не спијат) и во следниот период зеле активно учество во борбата против императорите кои биле [[византиско иконоборство|иконоборци]]. Во овој манастир се замонашиле три императори: Махаил V (1041-1042), [[Михаил VІІ Дука]] (1071-1078) и [[Исак І Комнин]] (1057-1059). Се смета дека во своите најубави години, во манастирот живееле околу 700 монаси. Игумените на манастирот Антониј и Алексеј, станале патријарси.
 
Игуменот Сава силно ги бранел православните доктрини против иконоборците на Седмиот Вселенски Собор во Никеја (787). Негов наследник бил Теодор Студит, кому манастирот му должи најмногу за својата слава, време кога започнало да се негуваат академските и духовните студии. За време на администрацијата на Теодор, монасите често биле малтретирани и протерувани а некои од нив и погубувани. Игуменот Никола (848-845 и 855-858) одбил да го признае Фотиј I Константинополски и поради тоа бил затворен во манастирот. Тој бил наследен од неколку игумени, кои го признавале патријархот. Во времето на Исак I манастирот бил внатрешно украсен, а по неговата абдикција од престолот тој починал во манастирот, каде бил и погребан.
 
Во средината на 11 век, во времето на игуменот Симеон, биле критикувани обичаите на Латинската црква во две книги каде тој пишувал за употребата на бесквасен леб, денот сабота и бракот на свештениците.