Мухамед: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
== Преместување од Мека во Медина ==
 
Поради опасноста за својот живот во [[Мека]], Мухамед заедно со [[Абу Бакр]] побегнале во [[Абисинија]] денешна Етиопија каде што побарале засолниште кај христијанскиот крал на [[Абисинија]] откако неколкупати богатите трговци од [[Мека]] неуспешно се обиделе да издејствуваат од кралот на [[Абисинија]] да им го предаде пророкот Мухамед, со цел да не му предизвикуваат непотребни проблеми на гостољубивиот крал на [[Абисинија]], Мухамед заедно со [[Абу Бакр]] преминале во Јатриба, денешна [[Медина]] на [[16 јуни]] [[622]] година. Ова преминување во [[ислам]]от е познато како [[Хиџра]], и претставува почеток на исламската ера и првиот ден во одбројувањето на годините според [[исламски календар|исламскиот календар]]. Во Медина Мухамед живеел околу десет години, проповедајќи меѓу населението. Тој не само што бил пророк, туку станал и политички водач. Градот по него станал познат како “Град на пророкот“ или ''Medinaat at Naabi'', од каде доаѓа и денешното име [[Медина]]. Во Медина била изградена и првата [[ниша]], која го посочувала патот кон [[Ерусалим]].
 
Во [[Медина]] започнале да пристигнуваат трговци од [[Мека]], пљачкосувајќи го населението. Ова прераснало во конфликт помеѓу [[Мека]] и [[Медина]]. Така, првата војна започнала во [[624]] година, кога мединските муслимани под раководство на самиот Мухамед ги нападнале трговците од [[Мека]] во [[Битка кај Бедра|Битката кај Бедра]] и им нанеле тежок пораз. Но во [[Битка кај Ухуда|Битката кај Ухуда]], муслиманите биле поразени. По две години, Мека со 10 000 војници ја опседнала [[Медина]], која имала само 3 000 војници. Но, на крајот сепак [[Мека]] била поразена.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мухамед