Белковина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 7:
Молекулата на белковините е доста сложено градена макромолекуларна структура во која разликуваме неколку степени на организациона структура:
 
:*''Примарната (првична) структура'' е најпроста и е претставена со полипептидната низа во која аминокиселините се линеарно подредени една зад друга, според строго определен распоред, број и вид. Меѓутоа, полипептидната низа не е праволиниска, а најчесто образува спирали, блиску поставени една до друга
:*''Секундарната (вторична) структура'' е претставена токму со претходно опишаната спирала, уште наречена и алфа спирала
:*''Терциерната (третична) структура'' настанува со повеќекратно спирализирање на алфа спиралата, при што се образува една топчеста формација. Оваа структура е карактеристична за [[глобуларна белковина|глобуларните белковини]], каков што е [[миоглобин]]от
:*''Кватерната (четвртична) структура'' настанува со меѓусебно врзување на повеќе молекули со терциерна структура. Таква е молекулата на [[хемоглобин]]от, каде има четири полипептидни низи со кватерна структура.
 
[[Податотека:Protein_Composite.jpg|500px|thumb|center|Молекуларна површина на неколку белковини со нивните големини. Од лево на десно се белковините: антитело (IgG), хемоглобин, инсулин (хормон), аденилат киназа (ензим) и глутамин синтетаза (ензим).]]
Ред 16:
Ако секундарната и терциерната структура на белковината се измени со некои [[Физика|физички]] или [[Хемија|хемиски]] дејства, тој се трансформира во неактивна форма, односно настанува [[денатурација]] на белковината. Белковините се разликуваат и по начинот и условите на денатурирањето. Некои белковини имаат способност под одредени услови да се [[Ренатурација|ренатурираат]], што е од огромно значење за нивната функција во организмот.
 
Според хемискиот состав се разликуваат прости и сложени белковини. Простите се изградени само од аминокиселини, додека сложените содржат и небелковинската компонента, наречена [[простетична група]].
 
== Функции ==