Оптимизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:BerlinWallMonumentWestView.jpg|thumb|десно|Берлински ѕид – западната страна на ѕидот е покриенa со графити коишто отсликуваат надеж и оптимизам -1989]]
'''Оптимизам''' — ментален став или поглед на светот кој ги толкува ситуациите и настаните како најдобри (оптимизирани), што значи дека на некој начин за фактори коишто не можат да бидат потполно разберени, сегашниот момент е во оптимална состојба. Концептот обично е проширен за да го вклучи и ставот на надеж за подобри идни услови коишто исто така се оптимални.<ref>http://www.oxforddictionaries.com/definition/english/optimism {{en}}</ref> Поширокиот концепт на оптимизмот е сфаќањето дека сè од природата, минатото, сегашноста и иднината, функционира со законите за оптимизација по примерот на принцпот на Хамилтон на оптимизација во областа на физиката. Ова сфаќање, иако е критикувано од контра ставовите како што се песимизам, иделизам и реализам, доведува до состојба на умот којшто верува дека сè е онака како што треба да биде и дека иднината исто така ќе биде добра. Вообичаен идиом којшто се користи за илустрирање на оптимизам наспроти песимизам е чаша полунаполнета со вода, кадешто оптимистот вели дека ја гледа чашата како полуполна но, песимистот ја гледа чашата како полупразна.
 
Зборот првично е изведен од латинскиот оптимум, што значи „најдобро“. Да бидеш оптимист во буквална смисла на зборот во крајна линија значи дека го очекуваш најдобриот можен исход од било која дадена ситуација. Ова обично во психологија е наведено како диспозициски оптимизам.
Ред 22:
=== Оптимализам ===
Оптимализмот, како што е дефиниран од страна на Никола Решер, смета дека овој универзум постои бидејќи е подобар од алтернативите. Оваа филозофија е компатибилна со атеизам додека не ја исклучи можноста за божество, ниту пак бара такво нешто. Психологот за позитивна психологија Тал Бен-Шахар користи оптимализам да означи подготвеност за прифаќање неуспех додека останува убеден дека ќе има успех, позитивен став којшто е во спротивност со негативниот перфекционизам. Перфекционизмот може да се дефинира како постојан компулзивен нагон кон недостижни цели и вреднување само врз основа во рамките на остварувањето. Перфекционистите ги одбиваат реалностите и ограничувањата на човечките способности. Тие не можат да прифатат неуспеси, одложувајќи го секое амбициозно и продуктивно однесување во страв од повторен неуспех. Оваа невротичност може дури да доведе до клиничка депресија и ниска продуктивност. Како алтернатива на негативниот перфекционизам Бен Шахар предложува усвојување на оптимализам. Оптимализмот овозможува неуспех во извршување на некоја цел и го очекува тоа додека трендот на активноста ќе се стреми кон позитивното дека не е неопходно секогаш да се победува при стремежот за постигнување цели. Оваа основа во реалноста го спречува оптималистот да биде совладан во лицето на неуспехот. Оптималистите ги прифаќаат неуспесите и исто така учат од нив коешто ги охрабрува во натамошна потрага за достигнувања. Д-р Тал Бен-Шахар верува дека оптималистите и перфекционистите покажуваат посебни различни мотиви. Оптималистите имаат тенденција да се со посвојствени, внатрешни желби, со мотивација да научат. Додека пак перфекционистите се повисоко мотивирани од потребата постојано да се докажуваат себеси.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Философија на животот]]