Лазар Колишевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 30:
По своето ослободување, Колишевски се вратил во Македонија и ја презел функцијата секретар на [[Сојуз на комунистите на Македонија|Комунистичката партија на Македонија]], а на таа функција останал до јули [[1963]]година. Колишевски многу брзо станал највлијателен човек во Македонија. На [[26 ноември]] [[1944]] година, на Првата конференција на Народноослободителниот фронт на Македонија, тој бил избран за негов потпретседател, а во [[декември]] 1944 година бил избран за прв потпретседател на [[Президиумот на АСНОМ]]. Набрзо, во [[јануари]] [[1945]] година застанал на чело на Работното тело на Президиумот на АСНОМ, кое фактички ги презело надлежностите на Президиумот на АСНОМ. На Третото собрание на [[АСНОМ]], одржано на [[16 април]] [[1945]] година, Колишевски бил избран за прв претседател на [[Влада на Македонија од 1945|Владата на Демократска Федерална Македонија]].
 
Во текот на својата политичка кариера, Колишевски бил на различни државни и партиски функции и игра важна улога во политичките настани и општествените процеси во [[СРМ]] и [[СФРЈ]]. На [[Петти конгрес на КПЈ|Петтиот конгрес на КПЈ]], одржан во [[јули]] [[1948]] година, тој бил избран за член на Централниот комитет на КПЈ. Исто така, бил избиран за народен пратеник во сите состави на републичкото и сојузното собрание од [[1945]] до [[1972]] година. Од [[1963]] до [[1967]] година бил претседател на Сојузниот одбор на [[Социјалистички сојуз на работниот народ на Југославија|Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Југославија]]. Од [[1967]] до [[1972]] година бил член на [[Совет на Федерацијата|Советот на Федерацијата]], а од [[1972]] до [[1984]] година бил член на [[Претседателство на СФРЈ|Претседателството на СФРЈ]]. По смртта на [[Јосип Броз Тито]], на [[4 мај]] [[1980]] година, Колишевски, како тогашен потпретседател на Претседателството на СФРЈ, станал претседател на Претседателството, но на таа должност останал само неколку денови.<ref>„Архивата на Лазо Колишевски до 300.000 страници во МАНУ е тајна дури и за лустраторите“, ''Дневник'', година XVIII, број 557965596, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 2-3.</ref> Поради редовната ротација на функциите, веќе на [[15 мај]] [[1980]] година, должноста претседател на Претседателството ја презел претставникот на [[Босна и Херцеговина]].
 
По падот на [[Комунизам|комунизмот]], Колишевски се повлекол од јавниот живот и до крајот на животот живеел како пензионер. По неговата смрт во 2000 година, неговата лична архива од 300.000 страници била оставена на чување во МАНУ, каде со неа раководи посебен одбор.<ref>„Архивата на Лазо Колишевски до 300.000 страници во МАНУ е тајна дури и за лустраторите“, ''Дневник'', година XVIII, број 557965596, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 2-3.</ref> Во негова чест, во паркот во [[Свети Николе]] е поставен негов споменик.
 
== Литература ==