Феминизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Феминизам''' — хетероген поим од [[социјална теорија|социјални теории]], [[политичко движење|политички движења]] и морална философија што се занимаваат со културните, политичките и економските аспекти на нерамноправноста на [[жена|жените]] во однос на [[маж|мажите]]. Додека генерално даваат критика на [[општество|општествените]] односи, многу застапници на феминизмот се фокусираат и на [[анализа]] на половите нееднаквости и унапредувањето на правата и интересите на жените.
 
[[Феминистичка теорија|Феминистичката теорија]] се стреми да ја разбере природата на половата нееднаквост и се фокусира на половата политика, односите на [[моќ]] и [[сексуалност]]. Феминистичкиот политички [[активизам]] се бори за теми како [[репродуктивни права]], [[домашносемејно насилство]], [[мајчинско ослободување]], [[еднакви плати]], [[сексуално малтретирање]], [[дискриминација]] и [[сексуално насилство]]. Темите што ги истражува феминизмот вклучуваат [[стереотип]], [[опресија]] и [[патријархат]].
 
Модерната феминистичка теорија се критикува како предоминантно, но не и ексклузивно, поврзана со западните научни кругови. Феминистичкиот активизам, како и да е, е движење што потекнува од масите и бара надминување на границите втемелени врз социјална [[класа]], [[раса]], [[култура]] и [[религија]]. Ова движење е специфично за секоја одделна култура и се осврнува на теми значајни за жените во тоа општество: на пример, [[женско обрежување]] во [[Судан]], или стаклен таван во економиите во развој. Некои теми, како [[силување]]то, [[инцест]]от и [[мајчинство]]то, се универзални.