Мартин Лутер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 6:
== Наводи ==
{{наводи}}
МАРТИН ЛУТЕР – (1483 – 1546)
 
Без оглед на тоа, дали се сложувате со теологијата на Мартин Лутер или не; останува фактот дека овој протестантски реформатор го измени светот и се избори за голем број слободи на поединецот, на семејството, на секој народ и јазик, на Црквата....
 
Мартин Лутер е Германец, кој најпрво бил монах, потоа свештеник и на крај професор по теологија и најуспешен меѓу Протестантските реформатори. Остро се спротивставил на црковното учење дека гревовите на еден човек и казната што му следува за тоа можат да се отплатат со пари кои ќе им ги даде на папата и на кардиналите, а овие за возврат ќе издејствуваат кај Господ прошка на гревовите.
Роден е на 10. Ноември 1483 год. во местото Ајслебен, во источна Германија, од татко Ханс и мајка Маргарета. Татко му бил сопственик на рудник за бакар. Мартин Лутер бил генијален ученик. Нивото на факултетско образование го достигнал за само една година , и тоа кога имал 17 години, а три години подоцна магистрирал. Докторирал на 29-годишна возраст и станал професор по теологија на универзитетот во Витемберг, Германија.
Своите несогласувања и критики ги срочил во 95 приговори, познати како „95 тези“ кои ги заковал на црковните порти во Германскиот град Витемгерг, на 31 Октомври 1517 год. кој датум симболично се смета како почеток на Протестантската Реформација во 16 век. Содржината на овие „95 тези“ набргу се нашле низ многу Европски градови.
Од страна на папата Лео Х и на „Светиот Римски император“ Шарл V, Мартин Лутер бил повикан да се откаже од своите верски гледишта, а откако тој одбил да го стори тоа, папата го екскомуницирал од Католичката црква, а императорот го прогласил за одметник. Тоа било во 1520 – 1521 год. кога Лутер имал 40 години.
Врз основа на светото Писмо, Лутер проповедал дека Божјото спасение не може да се заработи ни преку давање подароци на свештениците или на Црквата, ниту преку човечки добри дела, туку дека е Божји дар кои луѓето го добиваат по основ на вера во Исус Христос и неговото откупничко дело.
Нагласувал дека Библијата е единствениот веродостоен извор на Божјото откровение за човекот и дека сите верници, а не само црковните свештеници, пред Бога иамаат статус на Божјо свештенство.
Лутер ја превел Библијата на тогашниот народен Германски јазик – нешто што ќе изврши огромно влијание во Германија – како црквите, така и културата и творештвото (книжевност, музика, уметност) во таа земја и пошироко. При преведувањето на Библијата, Лутер го користел Грчкото издание подготвено од Еразмо и објавено во 1516 год. Овој текст подоцна ќе го добие терминот Textus Receptus.
Лутер започнал и со компонирање на црковни песни и со тоа инспирирал огромно поетско и музичко творештво во Христијанскиот свет. Стапуваќи во брак со една поранешна монахиња, по име Катерина фон Бора, Мартин Лутер направил револуција во црковното уредување, покажуваќи дека свештените лица треба да имаат право на брак и на свое семејство. Со свој примерен брак дал и сопствен пример и модел за успешен брак и семејство на свештено лице.
Благодарение на заштитата на локалните владетели, Мартин Лутер не бил жив запален или измачуван, туку починал од природна смрт, како резултат на повеќе болести кои ги имал на постари години. Построгите аналитичари му забележуваат на остриот јазик со кој понекогаш се служел.
Една од неговите мисли била следната:
„ВИСТИНСКОТО ЕВАНГЕЛИЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОПОВЕДА БЕЗ НЕКОГО ДА НАВРЕДИ ИЛИ ДА ВОЗНЕМИРИ.“
 
== Надворешни врски ==