Агрегатна побарувачка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
''Агрегатната'Агрегатна побарувачка''' ([[англиски јазик|англиски]]: ''Aggregate demand'') е една од основните економски категории која е предмет на изучување на [[макроекономијата]].
'''Агрегатна побарувачка'''
 
''Агрегатната побарувачка'' ([[англиски]]: ''Aggregate demand'') е една од основните економски категории која е предмет на изучување на [[макроекономијата]].
 
 
== Дефинирање на агрегатната побарувачка ==
 
Агрегатната побарувачка ни го покажува вкупното количество на финални добра и услуги коешто различните сектори на економијата се подготвени да го купат и да го потрошат при различни општи нивоа на [[цена|цените]]. На ниво на вкупната економија финални добра и услуги побаруваат следните сектори: секторот на домаќинствата ( C ), секторот на [[Претпријатие|претпријатијата]] ( I ), државниот сектор односно [[буџетот]] ( G ) и [[надворешна трговија|надворешно-трговскиот]] сектор ( X-M ). Значи, агрегатната побарувачка ја креираат претходно споменатите сектори:<ref>Таки Фити, ''Феноменологија на економските кризи'', Економски факултет, Скопје, 2009.</ref>
 
 
:::::AD = C + I + G + ( X – M )
 
 
Секторот на домаќинствата троши најразновидни финални добра и услуги, како што се: храна, облека, станови, [[телевизор|телевизори]], [[Автомобил|автомобили]] итн. Деловниот сектор т.е секторот на претпријатијата троши најразлични видови инвестициони добра: фабрички хали, машини, опрема и сл. Државата преку [[Буџет|буџетот]] се јавува како еден од најголемите потрошувачи на финални добра и услуги во [[Економија|економијата]] – од моливи и [[хартија]], храна и облека за [[Војска|војската]] и [[полиција|полицијата]] до [[Тенк|тенкови]] и [[Подморница|подморници]]. Надворешно-трговскиот сектор го остварува [[извоз|извозот]] и [[увоз|увозот]] на различни добра и услуги (X - извоз, M - увоз). Како компонента на агрегатната побарувачна надворешно-трговскиот сектор најчесто се означува со терминот нето-извоз, кој може да биде позитивен (доколку извозот на земјата го надминува увозот) или негативен (доколку увозот на земјата го надминува извозот).
 
== Крива на агрегатна побарувачка ==
 
Со помош на кривата на агрегатна побарувачка (AD) може да се следи вкупната количина на добра и услуги (искажана во [[Пари|парични]] единици) што ја побаруваат различните сектори на економијата при различни општи нивоа на цените. Кривите на побарувачката во економијата имаат негативен, опаѓачки наклон, бидејќи постои негативна меѓузависност на следните варијабли: општото ниво на цените и бараните количини на финални добра и услуги – ако цените растат, бараните количини на добра и услуги опаѓаат и обратно, ако цените се намалуваат, бараните количини на добра и услуги од страна на четирите економски сектори растат.<ref>Таки Фити, ''Феноменологија на економските кризи'', Економски факултет, Скопје, 2009.</ref>
 
== Ефекти на кривата на агрегатна побарувачка ==
Економистите го објаснуваат опаѓачкиот наклон на кривата на агрегатна побарувачка низ дејството на три ефекти:
* Ефект на богатството (Пигу)
Ред 26 ⟶ 18:
Споменатите ефекти ги откриле погоре наведените економисти, соодветно. Ако тргнеме од реалната претпоставка дека [[потрошувачка|потрошувачката]] од страната на [[Држава|државата]] е константна големина, а сите останати компоненти на агрегатната побарувачка се променливи големини - се менуваат со промените на економските услови во земјата и особено со промените на општото ниво на цените. Ако се промени општото ниво на цените ќе профункционираат погоре споменатите ефекти и ќе предизвикаат промени во потрошувачката, [[инвестиции|инвестициите]] и нето-извозот, а со тоа и промени во агрегатната побарувачка.<ref>Таки Фити, ''Макроекономија'', Економски факултет, Скопје, 2003.</ref>
 
=== Пигуовиот ефект на богатството ===
Според [[Артур Пигу]] ([[1877]]-[[1959]]), номиналната вредност на количината на пари што ја поседуваат потрошувачите е константна големина. Но, во услови на [[инфлација]] (пораст на општото ниво на цени) реалната вредност на парите се менува, опаѓа и обратно кога во економијата ќе настапи општо опаѓање на нивото на цени, потрошувачите со истата сума на пари сега ќе бидат во состојба да купат поголема количина на добра и услуги. Овој ефект кај потрошувачите предизвикува импресија дека се побогати, па при тоа ќе прошат и поголема количина на финални добра и услуги, а со тоа предизвикуваат и зголемување на агрегатната побарувачка.
 
Ред 38 ⟶ 28:
 
== Поместување на кривите на агрегатната побарувачка ==
Агрегатната побарувачка во економијата може да се менува под дејство на факторите што ја детеминираат, односно таа расте, се поместува нагоре, на десно ако во економијата дојде до зголемување на обемот на [[инвестиции]] во секторот на претпријатијата, до пораст на [[Буџет|буџетската]] потрошувачка, до пораст на [[нето-извозот]] како и под дејство на промените во [[фискална политика|фискалната]] и [[Монетарна политика|монетарната политика]]- кога политиките се експанзивни (пораст на буџетските трошоци или зголемување на понудата на пари во економијата). Обратни се движењата и поместувањата на кривата на агрегатна погарувачка (надолу, на лево), кога во економијата постои опаѓање на масата на инвестиции кај претпријатијата, намалување на буџетската потрошувачка, намалување на нето-извозот и рестриктивна фискална и монетарна политика.<ref>Фити, ''Основи на економија'' (трето издание), Економски факултет, Скопје.</ref>
 
== Рестриктивна монетарна политика ==
Промените во [[Понуда на пари|понудата на пари]] имаат силни импликации врз агрегатната побарувачка, односно зголемената [[понуда]] ја зголемува агрегатната побарувачка и обратно. Да претпоставиме дека во економијата постојат инфлаторни тенденции кои се закануваат да прераснат во неконтролирана [[инфлација]]. Во овој случај, [[Централна банка|Централната банка]] ќе води рестриктивна [[монетарна политика]] т.е. ќе го намали количеството на пари во оптек со цел да ја намали агрегатната побарувачка (ќе се помести надолу, кон лево) и да ја заузда инфлацијата. Како резултат на тоа, макроекономската рамнотежа ќе се воспостави на пониско рамниште, при пониско општо ниво на цени и понизок реален производ во економијата. Што всушност се случило? Високата инфлација ја принудила владата да води рестриктивна монетарна политика односно да ја намали понудата на пари, а со тоа се покачува каматната стапка како цена на парите што се позајмуваат - оваа политика се нарекува политика на скапи пари. Поради зголемените каматни стапки, инвестициите во секторот на претпријатијата ќе се дестимулираат, а исто така и позајмувањата ([[Кредит|кредити]]) од страна на домаќинствата. Тоа ќе предизвика пад на [[БДП]] во земјата, а истовремено владата и централната банка го намалила општото ниво на цените, ја намалила инфлацијата. Но, цената што морала да се плати за [[стабилизациона политика|стабилизација]] на економијата е губење на дел од реалниот производ.<ref>Фити, ''Основи на економија'' (трето издание), Економски факултет, Скопје.</ref>
 
== Екпанзивна монетарна политика ==
 
Во почетокот макроекономската рамнотежа е воспоставена при определено ниво на производство и општо ниво на цените. Владата и централна банка за да ги зголемат [[производство|производството]] и вработеноста спроведуваат експанзивна монетарна политика (зголемена понуда на пари) со што каматната стапка се намалува, се стимулираат инвестициите на претпријатијата и се поттикнуваат домаќинствата преку кредитите да ја зголемат агрегатната побарувачка. Ова ќе предизвика кривата на агрегатната побарувачка да се помести нагоре, на десно, а со тоа реалниот БДП и општото ниво на цени пораснале.<ref>Таки Фити, ''Феноменологија на економските кризи'', Економски факултет, Скопје, 2009.</ref>
 
== Наводи ==
<references/>
 
 
[[Категорија: Економија]]