Разлика помеѓу преработките на „Офицерски дом (Скопје)“

нема опис на уредувањето
}}
 
Зградата на Офицерскиот дом е изградена според проектите на архитектот Вилијам Баумгартен, руски емигрант. Проектите се изработени во 1925 година, кога и започнала изградбата, а објектот конечно бил завршен во 1929 година. Домот се наоѓал на десниот брег на реката [[Вардар]], на самиот [[Плоштад Македонија|плоштад]], на местото каде претходно се наоѓала Бурмали-џамија. И овој монументален објект бил третиран во стилот на класицистичкиот академизам, што посебно доаѓало до израз во третманот на фасадите со колосални столбови од композитен ред на челната фасада и на страната спрема Вардар, во обработката на прозорските отвори, во примената на балустради, развиени венци и профилаци. Овој стил доследно бил спроведен и во ентериерот. Ентериерот се одликувал со раскош репрезентативен за една монархистичка зграда и следел еден интернационален електички стил на уредување. Тоа се гледа од претенцизниот блесок во примената на скапи материјали, специјално изработените парчиња мебел, свечените скали и свечената сала до која тие воделе. Салата била украсена со големи кристални лустери, вѕидани коринтски столбови и лоѓии на прозорците. [[Скопски земјотрес 1963|Катастрофалниот земјотрес]] во 1963 година му нанел огромна штета на објектот. Поради фактот што била потребна огромна инвестиција за истиот да се реновира, тој бил урнат во 1964 година. Нејзината реставрација започна во 2013, како дел од проектот [[Скопје 2014]]. Се очекува да биде малку поголема од оргиналот.
 
==Поврзано==
88

уредувања