Разлика помеѓу преработките на „Офицерски дом (Скопје)“

нема опис на уредувањето
}}
 
Зградата на Офицерскиот дом е изградена според проектите на архитектот Вилијам Баумгартен, руски емигрант. Проектите се изработени во 1925 година, кога и започнала изградбата, а објектот конечно бил завршен во 1929 година. Домот се наоѓал на десниот брег на реката [[Вардар]], на самиот [[Плоштад Македонија|плоштад]], на местото каде претходно се наоѓала Бурмали-џамија. И овој монументален објект бил третиран во стилот на класицистичкиот академизам, што посебно доаѓало до израз во третманот на фасадите со колосални столбови од композитен ред на челната фасада и на страната спрема Вардар, во обработката на прозорските отвори, во примената на балустради, развиени венци и профилаци. Овој стил доследно бил спроведен и во ентериерот. Ентериерот се одликувал со раскош репрезентативен за една монархистичка зграда и следел еден интернационален електички стил на уредување. Тоа се гледа од претенцизниот блесок во примената на скапи материјали, специјално изработените парчиња мебел, свечените скали и свечената сала до која тие воделе. Салата била украсена со големи кристални лустери, вѕидани коринтски столбови и лоѓии на прозорците. [[Скопски земјотрес 1963|Катастрофалниот земјотрес]] во 1963 година му нанел огромна штета на објектот. Поради фактот што била потребна огромна инвестиција за истиот да се реновира, тој бил урнат во 1964 година.
'''Офицерскиот дом''' — објект во [[Скопје]]. Домот се наоѓал на десниот брег на [[Вардар]], веднаш до [[Камен мост|Камениот мост]]. Архитект бил Вилијам Баумгартен, руски емигрант. Проектирана била во 1925, и истата година започнала да се гради. Отворена била во 1929. Во земјотресот во 1963 била оштетена, а срушена е една година подоцна. Нејзината реставрација започна во 2013, како дел од проектот [[Скопје 2014]], а според досега изграденото, истата ќе биде малку поголема од оргиналот.
 
==Поврзано==
88

уредувања