Рак (болест): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с додадена Категорија:Неоплазми со помош на HotCat
сНема опис на уредувањето
Ред 64:
=== Останато ===
Со исклучок на ретки пренесувања кои се случуваат преку бременост, и маргинално мал број на донатори на органи, ракот општо земено, не е пренослива болест. Главна причина за ова е отфрлање на ткивото заради некомпатибилност. Кај луѓето и другите `рбетници, имунолошкиот систем користи МХЦ антигени за да ги разликува „своите“ од „туѓите“ клетки, бидејќи овие антитела се различни од човек до човек. Кога ќе сретне „туѓи“ антигени, имунолошкиот систем реагира против соодветната клетка. Овие реакции можат да заштитат од вгнездување на клетки на тумор преку отстранување на внесените клетки. Во Соединетите Американски Држави, приближно 3500 трудници годишно добиваат малигнитет, и видени се случаи на пренесување на акутна леукемија, лимфоми, меланоми и карциноми преку плацентата од мајката на фетусот. Развитокот на туморите од пресадени органи добиени од донор е многу редок. Главна причина за вака стекнатите тумори е непрепознавање на малигнениот меланом во органот што се пресадува. Рак може да порасне од еден во друг организам само ако тие ги имаат истите хистокомпатибилни гени, што е докажано користејќи глувци, сепак ова не може да се случи во реални околности, освен оние опишани погоре.
Во нечовечките организми, опишани се неколку видови на пренослив рак, каде ракот се шири меѓу животните преку пренесување на самите клетки на туморот. Овој феномен е забележан кај кучиња со стикеров сарком, уште познат како кучешки пренослив венеричен тумор, и како ѓаволов тумор на лицето кај тасманиските[[тасмански ѓавол|тасманските ѓаволи]].
== Патопсихологија ==
Ракот, пред се е болест на управување на растот на ткивата. За една нормална клетка да се преобрази во канцерска клетка, треба да се променат гените кои го регулираат растот на клетките. Генетските промени можат да се случат на различни начини, од добивање или загуба на цели хромозоми, па се до мутација која ќе зафати еден единствен нуклеотид на ДНА. Постојат две пошироки категории на гени кои можат да бидат зафатени од овие промени. Онкогените можат да бидат нормални гени кои се пројавуваат во несоодветно високи нивоа, или променети гени кои имаат нови својства. И во двата случаи, изразувањето на овие гени го унапредува малигнениот фенотип на канцерските клетки. Тумор супресорните гени се гени кои ја спречуваат поделбата на клетките, опстанокот или другите својства на канцерските клетки.. Тумор супресорните гени се често оневозможени од промените кои се случуваат заради развојот на канцер. Типично, промените во многу гени се оние кои ја менуваат обичната клетка во канцерска.