Ѕверови: Разлика помеѓу преработките

Одземени 8 бајти ,  пред 8 години
с
нема опис на уредувањето
[проверена преработка][проверена преработка]
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Не е сосема јасно зошто се случила ваквата замена на креодонтите со ѕверовите. Се претпоставува дека во основата на ова стои положбата на карназијалните острици и климатските промени кои се случиле во тоа време. Така, карназијалните острици кај ѕверовите се сместени понапред во устата за разлика од тие кај креодонтите. Ова дозволува развиток на забите за мелење веднаш зад карназијалите, па така ѕверовите биле во можност да јадат не само месна храна, туку и растителна. Ова не било случај и со креодонтите, кои биле ограничени исклучиво на месна храна. Постојат докази дека за време на исчезнувањето на креодонтите настанале значителни климатски промени, проследени со заладување. Тоа веројатно довело до поголема изразеност на сезоналноста во текот на годината, при што пленот станал понедостапен, но плодовите и инсектите станале поабундантни.
 
Раните ѕверови, познати како [[миацид]]и, биле мали и речиси незабележителни. Главната поделба на куче- и мачковидни ѕверови се случила пред околу 55 милиони години, а сите денешни фамилии на ѕверови еволуирале пред околу 7 милиони години. Меѓу мачковидните ѕверови биле и [[Сабјозаба мачка|сабјозабите мачки]], кои биле доминантни карниворски претставници во периодот пред 26 до 2 милиони години. Со движењето на југ, ѕверовите ги потиснале торбарските предатори (денес од нив се среќаваат само неколку потомци, како [[ТасманискиТасмански ѓавол|тасманискиоттасманскиот ѓавол]] и [[квол]]от во [[Австралија]]). Можеби најпознат е [[ТасманискиТасмански волк|тасманискиоттасманскиот волк]], кој е истребен пред околу 70 години од страна на ловците.
 
== Морфологија ==