ФК Олимпик Марсеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 53:
 
Својте домашни натпревари ги играат на [[Стадион Велодром|Стадионот Велодром]] кој се наоѓа во јужниот дел на градот и има капацитет од 67.000 места.
 
Мотото на клубот е "Droit au but" - "Право напред".
 
==Историја==
Олимпик Марсеј е основан во [[1892]] година како спортски клуб кој содржел повеќе спортови. Во почетокот рагбито бил најважниот спорт за клубот, а ѕокму од рагбито е преземено и мотото "Право напред". Клубот започнал да се занимава со фудбал во [[1902]] година.
 
Во 20-тите години Олимпик Марсеј станал значаен клуб, освојувајќи го Купот на Франција во 1924, 1926 и 1927, а истотака и францускиот шампионат, победувајќи го Клуб Франс. Купот на Франција во [[1924]] година е и првиот значителен трофеј на клубот.
 
Во [[1932]] година Олимпик Марсеј добил професионален статут, а во [[1937]] го освоил првиот првенствен трофеј при професионалците.
 
Сезоната 1942/43 е исполнета со рекорди - 100 гола во 30 натпревари, при тоа 20 само во еден натпревар при победата со 20-2 против Авињон.
 
Во [[1952]] Марсеј бил на пат да испадне од лигата, но [[Гунар Андерсон]] го спасил својот тим и станал најдобар стрелец во лигата со 31 гол. Истата година Марсеј претрпел многу тежок пораз на домашен терен од [[ФК Сент Етјен|Сент Етјен]] сo 3-10. Вo следните неколку сезони Марсеј води битката за опстанок во лигата која ја загубиле во [[1959]] година кога за прв пат во својата историја тимот испаѓа од првата лига. Во сезоната 1962/63 успева да се врати во првата дивизија, но таму завршува последен, па одново испаѓа и до [[1965]] година игра во вториот национален ранг.
 
Во [[1965]] година претседател станал Марсел Леклерк и клубот бележи подем. Враќањето во првата дивизија дошло во сезоната 1965/66, го освојува купот во [[1969]], а исто и првенствената титула во [[1971]] година. Во [[1972]] година фудбалската федерација не му дозволува на Марсеј да го користи правото на тројца странци во тимот, бидејќи била уведена максималната квота од двајца странски играчи. Леклерк бил упорен човек и се заканил на лигата, дека ќе го повлече тимот. Клубот не застанал зад него и набрзо на Леклерк му бил даден отказ. Следувала криза за клубот, па и испаѓање во втора дивизија. Сепак Марсеј се вратил во првата дивизија во [[1984]] година.
 
Во [[1986]] година Бернард Тапие станал претседател на клубот и успеал да го изгради најсилниот француски тим во историјата. Од [[1989]] до [[1992]] Марсеј го освоил првенството 4 пати по ред, а во [[1993]] ја освојуваат првата титула во Лигата на шампионите победувајќи го во финалето [[ФК Милан|Милан]] со 1-0.
 
Во [[1994]] поради финансиски нејаснотии и скандал за наместени натпревари тимот бил исфрлен административно во втората дивизија, каде изиграл две сезони. Марсеј се враќа во првата дивизија во [[1996]] година со помошта на сопственикот на [[Адидас]] [[Роберт Луис-Драјфус]]. Во сезоната 1998/99 клубот ја отпразнува својата стогодишнина на која биле присутни сите ѕвезди на тимот, но сезоната ја завшиле на второто место зад Бордо. Марсеј играл во финалето на [[Лига Европа|Купот на УЕФА]] во [[1999]] година, но загубиле од [[ФК Парма|Парма]].
 
Во сезоната 2009-10 под водство на [[Дидје Дешам]], Марсеј ја освоил својата последна првенствена титула.
 
== Титули ==
Ред 92 ⟶ 113:
==Надворешни врски==
*[http://www.om.net Официјална страна на клубот]
 
==Наводи==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Фудбалски клубови од Франција|Марсеј]]