'''Скадар''' ([[Албански јазик|албански]]: Shkodër или Shkodra; [[Турски јазик|турски]]: İşkodra или Arnavut İskenderiyesi) е град и центар на истоимената околија во северозападна [[Албанија]] покрај [[Скадарско Езеро|Скадарското езеро]]. Тој е еден од најстарите и најзначајните градови во Албанија богат со историско и културно наследство. Скадар го карактеризираат прекрасна клима и природа. Низ него минуваат три реки: [[Дрим]], [[Буна]] и [[Кир]]. Во Скадар живеат околу 90.000 жители. Населението е мешано, христијани и муслимани.