Разлика помеѓу преработките на „Змеј“

Додадени 2.497 бајти ,  пред 6 години
дополнување
с (Bot: Migrating 18 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q620939 (translate me))
(дополнување)
'''Змеј''' е фантастично битие и кај нашите претци верувањата во неговото постоење биле широко распространети. По својот изглед змејот можел да биде близок до [[змија]]та <ref>[http://www.slovopedia.com/22/209/1642064.html Этимологический русскоязычный словарь Фасмера]</ref>, [[човек]]от, [[птица]]та, [[метеор]]ите. Змејовите били прикажувани најразлично: со крилја, тело покриено со стргунки, со метални плочки, понекогаш златни, со големи глави и опасни [[заби]], со [[оган]] кој излегувал од усните, ноздрите, со испакнати очи кои можеле да имаат и хипнотичка моќ, можеле да имаат повеќе глави, најчесто имале две нозе, опашка и биле различни по големина и боја.
 
== Змејот во европската митологија==
Во [[Европа]], змејот ([[грчки]]: ''δράκων'') се претставува како суштетво со два чифта [[нозе]] и со [[крилја]] како на [[лилјак]], кои му растат од грбот. Обично, тој заштитува некоја [[пештера]] или [[замок]], полн со богатство и често се поврзува со некој јунак која натојува да го убие. Така, во [[Грчка митологија|грчката митологија]], златното руно, по кое тргнал [[Јасон]], го чувал еден змеј, кој никогаш не спиел. Кога Јасон сакал да го земе златното руно, нему му се приближил змејот, но [[Медеја]] му распркала волшебна напивка и змејот заспал, така што Јасон го зел златното руно од [[дрво]]то на кое тоа било обесено.
 
Змејот секогаш се поврзува со злото. Европскиот змеј вообичаено е со црвена, златна, сина, портокалова или зелена боја, а според хиерархијата, златниот змеј е над сите други змејови. Должината на змејовите достигнува до 25 метри, а крилјата им се двапати поголеми од нивната должина. Се хранат со [[овци]], [[Крава|крави]], [[Коњ|коњи]] и други поголеми [[животни]]. Притоа, тие се многу интелигентни и често разбираат повеќе јазици, а некои дури и читаат и зборуваат. Европските змејови често зборуваат во загатки и кога некој човек ќе ја реши загатката, тој постанува доживотен пријател на змејот. Најпосле, нивната старост може да достигне дури 1.000 години.<ref>Александра Филиповска, ''Митски суштетства'', Топер, Скопје, 2013, стр. 10-11.</ref>
 
== Змејот во народните верувања ==
На змејовите им се припишувале антропоморфните карактеристики, неговиот живот се одвивал мошне слично како животот на луѓето. Имал способност на трансформација, долг живот, но во принцип на патријархалната мисла неговиот живот се одвивал во неговиот дом, со обезбедување на храна и останатите потребштини за живот. Чест антропоморфен народен мотив е вљубувањето на змејот во девојка; таа љубов понекогаш трае од времето кога тој ја видел девојката како дете и ја варди за себе, често се вљубувал во девојка која била родена или зачната во ист ден како и тој, некогаш се вљубувал во ќерка на истакнатите луѓе, девојките морале да почитуваат посебни правила за да не ја предизвикаат неговата љубов, да не одат навечер доцна и рано наутро на извор сами, да се кријат во куќата кога грми, да не пијат и не се мијат со водата која непокриена стоела во садовите и др.
 
При посета на одбраната девојка или жена змејот во нејзиниот дом влегувал низ оџакот како силен [[оган]], како искра, влетувал како [[птица]], како [[змија]], како [[облак]], [[магла]], но во нејзино присуство се преобразувал во убав маж, но невидлив за околината. Неговото присуство го откривале доколку слушнеле разговор меѓу него и девојката. Во народното творештво се забележани и примери дека тој граба девојка и ја носи во својот дом. Љубовницата на змејот се разликувала од обичните жени по бледило, молчеливост, насолзени очи, недружељубивост. Се верувало дека тие немале долг век, бидејќи самата љубов на змејовите се сметала за болест, таа се манифестирала со [[халуцинација|халуцинации]], со нервни растројства и неретко завршувала со самоубиство. Според други народни сведоштва љубовницата на змејот добивала натприродни исцелителски моќи и знаења.<ref>Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, Издавачки центар Три, Скопје, 2004 (ISBN 9989-918-97-X).</ref>
 
== Користена литература ==
* Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје, ISBN 9989-918-97-X.
== Извори ==
<references/>
{{Словенска митологија}}
[[Категорија:Словенска митологија]]
[[Категорија:Митологија]]