Јом кипур: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
→‎Славење: ситна поправка
Ред 4:
Јом кипур е [[празник]] на прошката за гревовите. Во текот на десетте дена од [[Еврејска нова година|еврејската Нова година]] до почетокот на Јом кипур, [[Човек|човекот]] кој погрешил треба да отиде кај човекот кому му направил неправда и од него да побара прошка, да каже дека се кае и да плати отштета во висина од 20% до работата која евентуално била одземена од другиот. Притоа, грешникот не може да побара некое општо простување од [[Бог|Бога]], туку прошката треба да се добие директно од оној кому му е нанесен гревот. Деновите од еврејската Нова година до Јом кипур се нарекуваат „страшни денови“ во кои времето треба да се поминува во [[молитва]] и да се прават добри дела.<ref>„На Јом кипур луѓето бараат прошка за своите гревови, ''Дневник'', година XVIII, број 5582, петок, 3 октомври 2014, стр. 32.</ref>
==Славење==
Прославувањето на празникот не може да почне додека не се соберат најмалку десет машки глави, постари од 13 години. Јом кипур се прославува 25 часа во текот на кои верниците не треба да јадат ниту да пијат. Цереминијата започнува непосредно пред зајдисонце, кога [[Евреи|Евреите]] палат свеќи во своите домови, по што заминувааат во [[Синагога|синагогата]], каде што започнува вечерната молитва. Притоа, луѓето се облечени во бело како [[симбол]] на чистотата и не смеат да носат никаква кожна облека или обувки. Во синагогата се изнесуваат свитоци од Тората и започнува молитвата наречена „Сиет„Сите завети“. При нејзиното траење често се повторува зборот „видуи“, што значи признавање на гревот и се наведуваат сите можни престапи кои може да ги направи еднееден човек или заедница. Притоа, се бара простување и за [[Народ|народот]] и за себе, лично.
 
По службата, луѓето се враќаат дома, а утрото започнува утринската молитва (најдоцна до девет часот), а по неа следат уште четири молитви во попладневните и вечерните часови. Последната молитва се одржува пред зајдисонце и таа е најинтензивна, зашто се верува дека тогаш се затвораат небеските порти низ кои треба да помине молитвата. Потоа се слуша звук на [[Рог|рог]] од [[овен]], со што симболично се означува крајот на празникот. Со тоа завршува постот, а верниците се послужуваат со колачиња, [[чај]] и бело [[кафе]].<ref>„На Јом кипур луѓето бараат прошка за своите гревови, ''Дневник'', година XVIII, број 5582, петок, 3 октомври 2014, стр. 32.</ref>