Разлика помеѓу преработките на „Шака самват“

Нема измена во големината ,  пред 5 години
нема опис на уредувањето
[[File:Nepal30005a.JPG|thumb|250px|Мохар од Горкхали кралот [[Притви Нарајан Шах]] од 1685 '''Шакова ера''' (1763 година)]]
 
'''Шака самват''' ('''Шакова ера''' или '''Шаливаханова ера''' ) — сметање на времето прифатено од индиската влада како [[индиски национален календар]]. Нултата година започнува близу [[рамноденица]]та наво 78 година. Шака календарот започнува на 22 март секоја година со исклучок на престапните години кога започнува на 23 март. [[Кушанска империја|Кушанскиот]] цар Канишка се смета дека е одговорен за воведувањето на Шаковата ера за време на неговото владеење кое започнува во 78 година. По падот на кушаните нивните феудални потчинети, Саките од Уџајин продолжиле да ја користат оваа ера. Астрономот Варахмихир, математичарот Брахмгупта и историчарот Калхана ја користеле Шаковата ера во своите познати дела. Гурџарас од Бинмал, Чалукјас од Бадами и Растркутас од Декан исто така ја користеле Шаковата ера. Всушност Шаковата ера била најупотребувана во историските времиња во Индија и поради оваа причина Комисијата за обнова на календарот ја определила Шаковата ера да стане индискиот национален календар, неговата релативна прецизност во однос на другите индиски календари била уште една причина плус за изборот на овој календар.
 
Првиот водач на археолошките истражувања во Индија, Сер А. Канингам во својот извештај од 1864 година, заслугата за воведувањето на Шаковата ера му ја препишува на легендарниот пенџабски крал Шаливахан од Бхатовата династија за да ја прослави својата победа над Саките. Бхатовата династија владеела од Сијалкот во Пенџаб.