Владимир Полежиноски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Владимир_Полежиноски.jpg|right|thumb|200px|Владимир Полежиноски]]'''Владимир (Владо) Полежиноски - Полежина''' ([[Кичево]], [[30 мај]] [[1913]] - [[Скопје]], [[16 јуни]] [[1980]] година) бил македонски комунист, учесник во [[НОБ]] и член на [[АСНОМ]].
 
Роден е во семејството на Јонче и Стефанка Полежиноски. Основно образование завршил во Кичево, а гимназија во [[Битола]] во [[1932]] година. По завршување на гимназијата, во есента [[1932]] година се запишал на Правниот факултет во [[Париз]], каде што со успех ги завршил студиите, а потоа одбранил и докторат на универзитетот [[Сорбона]] во март [[1939]] година на тема „Фондови за изедначување на девизните курсеви". За време на студиите во [[Париз]] активно се вклучил во студентското демократско движење, а во [[1937]] година станал и секретар на студентското друштво во Париз.
 
Полежиноски бил повикан на отслужување на воениот рок во стара [[Југославија]] и служел во [[Требиње]], каде што го затекнала и капитулацијата на стара Југославија. Тој се вратил во родното [[Кичево]], каде што токму тогаш [[Кузман Јосифовски - Питу]] го формирал Месниот комитет на [[КПЈ]] во Кичево во октомври [[1941]] година. Во почетокот Кузман не се сложил Полежина да влезе како член на МК, бидејќи сметал дека партијата е на [[работничка класа|работничката класа]], а интелектуалците каков што бил Полежина, не може да бидат членови. Сите кичевски првоборци се залагале за Полежина да биде член. Кузман Јосифовски-Питу сфатил дека ВладоПолежина како убеден [[демократија|демократ]] и [[антифашизам|антифашист]] треба да биде член на КПЈ.
 
ВладоПолежина станал [[политички секретар]] во кичевската организација. Работејќи на подготовките во Кичево, заедно со повеќе свои другари бил затворен од [[италија]]нските окупаторски власти. Во мај [[1943]] година бил пренесен во концентрациониот затвор [[Порто Романо]] во [[Албанија]]., Во затвороткаде останал сè до капитулацијата на фашистичка [[Италија]] на [[8 септември]] [[1943]] година. По враќањето во Кичево, активно се вклучил во [[НОБ|Народноослободителното движење]] во првоослободениот град Кичево во НОВ. Благодарејќи на неговата активна работа и резултати како и потребите бил повлечен да работи во [[Главен штаб на НОВ и ПОМ|Главниот штаб на Македонија]] на терентеренот вона [[Дебарца]].
 
Во [[1944]] година Полежина работи на подготовките за [[АСНОМ]], заедно со [[Методија Андонов - Ченто]], Полежина, [[Киро Глигоров]], Апостолски, како и [[Светозар Вукмановиќ - Темпо]] и многу други раководители и членови на ГШГлавниот штаб. Според сеќавањата на Киро Глигоров: „Сите работевме, но се разбира Полежина имаше големо познавање и даде голем придонес во создавањето на актите на АСНОМ.“ На Првото заседание на АСНОМ е избран во неговиот [[Президиум на АСНОМ|Президиум]], како негов втор секретар.
 
Иако Полежина и’ бил потребен во Македонија, веќе на [[3 ноември]] [[1944]] година е разрешен од својата функција во Президиумот и е испратен на работа во [[Национален комитет за ослободување на Југославија|НКОЈ]].<ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/0B06AFA2DCBB4B42B443C52DC94D844E.pdf Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 49 стр.]</ref> Во март [[1945]] година бил кооптиран во воена мисија на [[ФНРЈ]] во [[Франција]], а од декември 1945 година во воена мисија на Југославија во [[Германија]]. Полежина бил шеф на воената мисија на Југославија при контролното собрание за Германија, при главниот штаб на англо-американските сили во [[Франкфурт на Мајна]]. Тој тогаш бил унапреден во чин [[потполковник]] во југословенската војска.
Ред 13:
Полежина како шеф на воената делегација во периодот од ноември [[1947]] година па до резолуцијата на [[Информбиро]]то во [[1948]] година, активно работел во [[Франкфурт]]. Во август 1948 година бил повикан на разговор кај шефот на руската воена мисија и оттогаш почнала голготата на Полежина. Набргу тој бил повлечен од Германија и демобилизиран од војската. Паднал во голема немилост, принуден сам да се снаоѓа за да преживее со семејството.
 
Во јануари [[1951]] година без судски процес бил лишен од слобода и протеран на [[Голи Оток]] на „Мермер“, каде што останал сè до април [[1954]] година.
 
По затворот се вратил во [[Белград]] и се вработил во [[Народна банка|Народната банка]], а по кусо време и во [[Институт за економски работи|Институтот за економски работи]]. Поради семејни причини во [[1965]]/[[1966]] година дошол во Скопје и се вработил во [[Економски институт|Економскиот институт]]. Работел во иста канцеларија со академик [[Никола Кљусев]].
Ред 19:
Неговите соборци од [[Кичево]], Борис Грујоски, Борис Алексоски - Карче, Пецо Чингоски, Драгољуб Прјоски и [[Илија Топаловски]] сторија многу тој да ја добие [[Партизанска споменица 1941]].<ref>[http://kicevo.blog.com.mk/node/68645 блог PARADISE CITY OF©]</ref>
 
Во Кичево неговото име го носи [[ОУ „Владимир Полежиноски - Бато"|Основното училиште "д-р Владимир Полежиноски"]], како и улицата каде што е роден и живеел.<ref>[http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2521&stID=37396 Душан Ристоски „Авторот на асномските документи на Голи Оток“]</ref>
 
== Наводи ==
<references />
 
[[Категорија{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Македонски партизани|Полежиноски]]}}
[[Категорија:ДелегатиМакедонски на Првото заседание на АСНОМ|Полежиноскипартизани]]
[[Категорија:Кичевци|ПолежиноскиМакедонски комунисти]]
[[Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ]]
[[Категорија:Кичевци]]
[[Категорија:Затвореници на Голи Оток‎]]