Невронаука: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Наука за нервниот систем на Невронаука
сНема опис на уредувањето
Ред 8:
Проучувањето на нервниот систем поттекнува уште од стар Египет. Начинот трепанција, кој претставува хируршка пракса на дупчење или отворање на дупка во черепот со цел да се спречи главоболката, менталните пореметувања или ослободување на черепниот притисок, се вршела врз пациентите и датира уште од времето на неолитот и е пронајдена во повеќе култури ширум светот. Ракописите датираат од 1700 п.н.е. и укажуваат на тоа дека Египќаните имале познавања за симптомите на оштетувања во мозокот. Првите увиди за функцијата на мозокот се сметаат дека се видови од „черепни кутии“. Во Египет од доцното Средно Кралство па наваму, мозокот редовно бил префрлан за подготовка на мумификација. Тогаш се верувало дека срцето претставува место на интелегенција. Според Херодот, за време на првиот чекор на мумифицирање: „ Најсовршената пракса е да се извлече со железна јадица што е можно повеќе од мозокот, а она што јадицата нема да може да го достигне е измешано со лекови.“
Гледиштето дека срцето е извор на свеста не се разгледуваше сè до времето на Хипократ. Тој мислеше дека во мозокот не само што вклучено чувството, како и повеќе специфични органи ( очи, уши, јазик), кои што се во главата во близина на мозокот, туку исто така дека претставува место за интелегенција. Меѓутоа, Аристотел сметаше дека срцето е центар за интелегенција, а дека мозокот служи за да ја излади крвта. Ова гледиште беше општоприфатено сè до римскиот лекар Гален, следбеник на Хипократ и лекар на римските гладијатори, којшто забележал дека неговите пациенти ги загубиле своите ментални способности со оштетувањето на нивните мозоци.
Ал- Андалус, Абулакис, таткото на модерната хирургија, развил материјални и технички дизајни, кои што сè уште се користат во неврохирургијата. Аверос ја открил Паркинсовата болест и предлага фотопримателни својства на ретината( мрежницата). Авензоар го опишал манингитисот, меѓучерепен тромбофлембитис(воспаление на вените), медијастинален тумор, и направил придонеси за модерната неврофармакологија. Мајмонид пишувал за невропсихијатриските поретметувања и го објаснил беснилото и труењето од беладона(атропин, див тутун).Исто така во средна Европа, Весалиј (1514-1564) и Рене Декарт (1596-1650) направиле доста придонеси за науката за нервниот систем. Проучувањето на мозокот стана пософистицирано по откривањето на микроскопот и развивањето на постапката на боење на Камило Гољи за време на доцната 1890 каде што тој користел сол- сребрен хромат за да може да открие сложени структури на поединечни неврони. Неговата техника ја искористи СантијагоСантјаго Рамон и Кајал и водеше до формирањето на невронска доктрина, со хипотезата дека функционалната единка на мозокот е невронот. Гољи и Рамон и Кајал ја споделија Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1906г. за нивните обемни набљудувања, описи и категоризации на невроните во мозокот. Хипотезите за невронската доктрина беа поддржани со експерименти следени од пионерската работа на Галвани за раздразливоста на мускулите и невроните. Во доцниот 19 ти век Дубојс –Рејмонд, Мулер и фон Хелмхолтц покажале дека невроните се раздразливи и дека нивната активност предвидливо влијае на електричната фаза на соседниот неврон.
Наспроти ова испитување, работењето на Пол Брока со пациенти со оштетен мозок, предлага дека одредени делови во мозокот се одговорни за одредени функции. Во времето на Брока наодите се согледуваат како потврдување на теоријата на Франц Џосеф Гал дека јазикот и одредени психолошки функции се сместени во кората на мозокот. Сместувањето на хипотезата за функцијата е остварено со испитување на пациенти болни од епилепсија од страна на Џон Хуглингс Џексон којшто правилно ја извел организацијата на моторната кора со набљудување на прогресијата што настанува со нападите на телото. Верник понатаму ја развивал теоријата за специјализација на посебни структури на мозокот за јазично разбирање и продукција. Модерните испитувања сè уште ги користат цитоархитектонски (се однесува на изучувањето на градбата на клетката) анатомските дефиниции на Бродман од оваа епоха за да можат понатаму да покажат дека различни делови од кората на мозокот дејтвуваат со извршување на различни задачи.
Основи на модерната наука за нервниот систем