Дечје Новине: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
== Историјат ==
Основач на Дечје Новине бил [[Среќко Јовановиќ]]. Во својата прва фаза „Дечје Новине“ го претставувале неколку наставници, кои заедно со своите ученици на 11 декември [[1956]] година одлучиле, како воннаставна активност, да се занимаваат со издавање на училишен весник, а на 12 јануари [[1957]] година го издале првиот број на весникот во 1.000 примероци. Првиот број на „[[Дечје Новине (списание)|Дечје новине]]“ излегол под наслов „Дечја Политика“. Дечје Новине своевремено спаѓале во редот на најголемите европски и светски издавачи за деца и млади. Имале скоро ексклузивно право за објавување стрипови од [[Волт Дизни]] во [[СФРЈ]]. Во осумдесеттите години од минатиот век, ИП „Дечје Новине“ биле еден од најголемите југословенски издавачи на книги и стрипови.
[[Слика:Eks 476.jpg|мини|десно|200п|Екс алманах]]
За исклучителните напори на развивање пријателство и рамноправност помеѓу народите и народностите, претседателот на [[СФРЈ]] [[Јосип Броз Тито]] ги одликувал Дечје Новине со [[Орден на братство и единство|Орден на братство и единство со сребрен венец]]. Дечје Новине во својата историја биле добитници на уште околу 15.000 разни повелби, награди, дипломи и други признанија. Благодарејќи на „Дечје Новине“, [[Горен Милановац]] станал еден од најпознатите градови во тогашна Југославија.