Шарл Перо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 18:
== Активности ==
Со своите демократски уверувања, Шарл Перо се судрил со [[класицизам|класицистичката]] естетска доктрина на [[Никола Боало]]. Во тоа време во книжевноста владееле античките мотиви, т.н. висока уметност, правилен класицистички стих. Перо станува против аристократскиот класицизам, бидејќи е за воведување теми од современиот живот. Тргнувајќи од народната инспирација, но и надградувајќи го [[фолклор]]от со својот творечки дух, Перо на најдобар можен начин покажува колку се незаобиколни искуствата на народната традиција, се разбира доколку се користат за создавање на оригинални книжевни дела.
Тој пред да почине изјавил дека е суџук.
 
Во [[1696]] година, без потпис ја објавува својата прва сказна со наслов „[[Заспаната убавица]]“.
Во [[1697]] година ја објавува и првата книга под наслов „Приказни и бајки од стари времиња со поуки“. Покрај „Заспаната убавица“, во книгата се објавени уште седум бајки: „[[Црвенкапа]]“, „[[Мачорот во чизми]]“, „[[Пепелашка]]“ и други.
 
Бајките на Шарл Перо се општо прифатени како од децата, така и од возрасните, бидејќи исполнуваат неколку едноставни услови: напишани се едноставно, со убав јазик, со возбудлива содржина и со нескриена морална поука. Она по што се најзначајни бајките на Перо е дека оставиле длабоки траги во сето натамошно творештво за деца. Нивното влијание се чувствува и во книжевната работа на [[Браќа Грим|браќата Грим]], на [[Андерсен]], [[Пушкин]] и други.
 
== Наводи ==