Гавран (соѕвездие): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 65:
Грчкото гледиште за Гавран е првземено од Вавилонскиот Гавран (MUL.UGA.MUSHEN), кој бил со иста местоположба сместен на опашката од Змијата. Вавилонското соѕвездие било свето за [[Адад]], богот на дождот и бурите, во вториот милениум п.н.е. ќе се појавело на хоризонтот пред појавата на есенската дождлива сезона.<ref>''Babylonian Star-lore'' by Gavin White, Solaria Pubs, 2008, page 166ff</ref>
 
Еден мит поврзан со Гавран е дека [[Аполон (митологија)|Аполон]] и [[Коронида (митологија)|Коронида]]. Коронида му била неверна на својот љубовник, кој кога дознал за ова од една бела чавка. Аполон и ги поцрнел пердувите од бес.{{sfn|Ridpath|Tirion|2001|pp=128-130}}
 
Друг мит кој се поврзува со Гавран е дека една чавка застанала на патот и наместо да донесе вода за Аполон, таа се најала [[смоква|смокви]]. И наместо да му ја каже вистината на Аполон, му кажала дека змија, [[Водна Змија (соѕвездие)|Водна Змија]], ја попречила да дојде до водата, држејки змија во своите канџи како доказ. Аполон видел дека се работи за лага, и, со едно замавнување ги поставил Гавран, ([[Пехар (соѕвездие)|Пехар]]), и змијата ([[Водна Змија (соѕвездие)|Водна Змија]]) на небото. И се погрижил лажливата птица секогаш да биде жедна, и во вистинскиот и во животот на небото, каде пехарот е секогаш вон дофат.{{sfn|Ridpath|Tirion|2001|pp=128-130}}