Индустриска револуција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
 
== Предвечерието на Индустриската Револуција ==
По [[големите географски откритија]] во текот на [[XVI век|XVI]] век, [[Шпанија]] и [[Португалија]] станале најсилни држави во светот. Тие владееле со огромни [[Колонија|колонии]], од каде што добивале многу злато и други скапоцености. Имале силна флота и војска, и според тоа биле многу моќни, но сепак, од втората половина на XVI век односот на силите се променил. Тогаш во [[Холандија]] започнала [[Холандската Буржоаска Револуција|Буржоаската револуција]] ([[1565|1565 г.]]), првата буржоаска револуција воголемио светот од кога Холандија се формирала како независна република. Пред Холандската буржоаската револуција, Холандија и [[Белгија]] се наоѓале под власта на феудално-апсолутистичка Шпанија. Холандија набрзо станала трговски соперник на Шпанија и Португалија. Светското поморско првенство полека преминувало во нејзини раце. Таа ги зграбила најбогатите колонии и водела широка трговија. Во [[XVII век]] повторно се менувал односот на поморските сили во светот. Тогаш, на историска сцена како нови поморски сили се појавиле [[Англија]] и [[Франција]]. Со [[буржоаската револуција во Англија]] била отстранета неограничената власт на кралот, власта на крупните феудални земјопоседници и црквата. Во време на буржоаската револуција ([[1640]]-[[1660|1660 г.]]) дошло до војна помеѓу Англија и Холандија, од која Англија излегла како победник. Потоа дошло до војна помеѓу Англија и Франција ([[1756]]-[[1763|1763 г.]]) во која Англија повторно била победник, а Франција морала да и ги отстапи најважните колонии, [[Индија]] и [[Канада]]. На северноамериканскиот брег од страната на [[Атлански океан|Атланскиот Океан]] Англија имала формирано 13 колонии. Во [[1704|1704 г.]] Англичаните успеале да го освојат [[Гибралтар]], а во [[1707|1707 г.]] [[Шкотска]] се обединила со Англија. Сето тоа придонело за преобразба на Англија во најголема колонијална и индустриска сила во светот.
 
== Причини, почеток и тек на Револуцијата ==