Московски кремљ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 2 interwiki links, now provided by Wikidata on d:Q133274
с fixing dead links
Ред 78:
За развојот на градот [[Москва]] и [[Кремљ]], значаен период од историјата на градот била монголската инвазија и доминација, која траела се до распаѓањето на [[Златна Орда|Златната Орда]] во [[1405]] година. Тој период од историјата на градот е значаен глвно поради тоа што тогаш настанало обединување на руската држава и создавање на [[Големо московско кнежество|Големото московско кнежество]].
 
Првиот владетел, кој управувал со [[Кремљ]] бил [[Васил Данаилович Калита]] ([[1327]]-[[1341]]), кој Златната Орда ја принудил да му ја признае титулата [[Голем московски кнез]]. Освен тоа, тој повеќе неморал да плаќа данок на Златната Орда, кое дополнително му овозможило да се стекне со материјални средства. Со ова започнал и процесот на зајакнување на Московската држава. Во тоа време, градот [[Москва]] и формално ја презела улогата на престолнина на земјата од дотогашниот главен град [[Владимир]] на [[Волга]]<ref name="golden-ring">{{cite web | url = http://www.moscow-city.ru/download/source/Golden_Ring_Engl.pdf/8-11.pdf | format = PDF | title = Along the Moscow Golden Ring | publisher = Moscow, Russia Tourist Information center | lang = en | accessdate = 5 юли 2006|archiveurl=http://web.archive.org/web/20120117175537/http://www.moscow-city.ru/download/source/Golden_Ring_Engl.pdf/8-11.pdf|archivedate=2012-01-17}}</ref>. Освен ова, верскиот поглавар Петар и неговиот наследник Теогност го преместиле седиштето на [[Руска православна црква|руската епархија]] од [[Владимир]] во [[Москва]], кое придонело градот да стане и духовна престолнина на руската држава. Таквиот развој на настаните му овозможил на [[Кремљ]] да одигра значајна улога во натамошната [[историја на Русија]]. Самиот владетел Калита се стремел Москва да ја претвори во голем град. Во текот на неговорто владеење биле изградени првите цркви во Московскиот кремљ. Исто така биле обновени и ѕидините околу градот.
 
Првиот московски и руски владетел, кој успеал да ги порази на [[Татари]]те бил внукот на Калита, [[Димитриј Донски]], и тоа во [[Куликовска битка|Куликовската битка]] од [[1380]] година. Во [[1367]] година, Големиот кнез Димитриј Донски ги поставил темелите на Московскиот кремљ. Во исто време, градот бил проширен кон неговата источна страна. За изградба на [[Кремљски ѕидини|Кремљските ѕидини]] бил користен [[бел камен]]. Самиот [[бедем]] се состоел од два потпорни ѕида кои биле исполнети со чакал. На бедемот се наоѓало и одбрамбено оружје, како и војска која го заѓтитувала градот од можни напади. Претходните дрвени капии биле заменети со железни.