Стефан Верковиќ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Дела: Исто и тракиски - пише го на книгата.
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Дела: ситна поправка
Ред 32:
* [[1889]] - „[[Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи]]“ ([[Санкт-Петербург]])
 
Првата збирка на тракиски и македонски песни „Народне песме македонских Бугара“ ја издал во [[1860]] година во [[Белград]], во 1500 примероци. Книгата содржела 335 песни собрани од [[Велес]], [[Дебар]], [[Крушево]] и [[Сер]]. Песните биле претежно лирски (женски) песни, кои ги поделил на два дела по девет групи. На собраните песни не им пишал ни име, место или време кога и од кого се чуени. Песните се полни со јазични грешки, но и правописни грешки.
 
„[[Веда Словена]]“<ref>http://preminportal.com.mk/content/view/6450/77/ Гане Тодоровски - За и против "Веда Словена"</ref> е книга која ја издал во два тома, првиот том во Белград во [[1874]] година, а вториот во [[Петербург]] во [[1881]] година. Ова дело содржи околу 30 илјади стихови. Верковиќ тврдел дека првата од ведите ја добил на [[23 август]] [[1865]] година. Тоа биле фалсификувани македонски веди, за кои тој бил измамен, иако останува отворено прашањето дали соработувал и самиот со измамникот. Имал материјал и за трета книга.
 
По неговата смрт се објавени:
* Сборник Верковича I, издадена [[1920]] година во [[Петроград]], во редакција на Петар Лавров. Книгата содржи 200 тракиски и македонски песни, ко исе без наслови и без никакви податоци каде и кога се собирани, освен во мал број песни од кои се гледа дека се собрани во Лагадинскиот крај. И оваа книга е полна со јазично-правописни грешки.
 
* Јужномакедонски народни приказни, издадена во [[1932]] година во [[Прага]], од Чешката академија на науките, а во редакција на П. Лавров и Јиржи Поливка. Оваа збирка содржи 133 македонски народни приказни, 2 предговора, чешки превод, речник на недоволно познати зборови, регистри и коментари, со што се смета за комплетна научна публикација што ги содржи најстарите запишани македонски приказни. Во збирката се уфрлени и 34 прикани што ги испратил Иван Шишманов од [[Бугарија]], на кои има податоци каде и од кого се запишани.